за

Егзоскелет за дланка прави VR-игрите да бидат пореалистични

Dexmo F2 од Dexta Robotics им овозможува на играчите да го допрат виртуелниот свет.

Очилата за виртуелна реалност, како Oculus Rift и слични, овозможуваат виртуелниот свет да се доживее со зачудувачка реалност, особено кога софтверот и хардверот се надополнуваат. Единствениот недостаток е во тоа што само очите доживуваат совршена симулација. Компјутерски генерираната реалност досега не можеше да се допре. Кинеската стартап компанија Dexta Robotics планира да ја пополни оваа празнина со егзоскелет за дланка.

Хардверот наречен Dexmo F2 се поврзува со петте прсти и нуди таканаречен Force Feedback. Кога во играта ќе се допре некој предмет, егзоскелетот преку актори го пренесува ова чувство на дланките. Ако се фати на пример виртуелна топка, се појавува соодветен отпор на местата на коишто топката би се допрела во „вистинскиот живот“.

Dexmo F2 дополнително служи и како уред за внесување којшто го чита секое движење на прстите. На тој начин, за ориентација во виртуелниот простор повеќе не се потребни глушец или тастатура. За сето тоа да функционира секако дека е потребен и соодветен софтвер што го подржува Dexmo. За таа цел, Dexta Robotics става на располагање девелоперски кит, со когошто во игрите може да се интегрираат внесување или Force Feedback за дланките.

Егзоскелетот е веќе стартуван со преднарачки, но испораката не се очекува пред средината на 2015 година. Цената ќе изнесува 175 американски долари. По пониска цена, за 75 долари, ќе се нуди поедноставената верзија Dexmo Classic, којашто не поседува Force Feedback, но може да се користи за вчитување информации од дланките.

За големиот интерес за ваков вид уреди во гејмерската заедница сведочи и кикстартер проектот со когошто Dexmo Robotics планираше да обезбеди пари за хардвер. Од 370 заинтересирани се собраа 55.000 долари. Тоа сепак не беше доволно за да се достигне поставената цел од 200.000 долари, поради што фирмата остана само на преднарачки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мини компјутер со големина на USB-стик

Нов изглед преку ноќ: Фолија од пиштол