Два специјални примерока од McLaren P1 GTR за фестивалот во Гудвуд

Хиперавтомобилот McLaren P1 GTR е ретка појава. Посетителите на фестивалот на брзината што го организира лорд Марч на својот имот во Гудвуд ќе имаат средба не со едно, туку две парчиња од тркачкиот P1, специјално изработени, секако.

Не еден, туку два примерока од најавтомобилот на денешницата, McLaren P1 GTR ќе се погрижат за спектакли за коишто е гладна публиката на фестивалот на брзината во Гудвуд. Само во овие два автомобила ќе пристигнат 2.000 КС пред публиката. Првиот од нив е пријавен за трката на суперавтомобили од самиот McLaren Automotive и бојадисан е во стилот на славниот тркачки шлем на Џејмс Хант, во чест на 40-годишнината од неговото освојување на шамионатот во формула 1.

McLaren+Goodwood+2015

Вториот P1 GTR во Гудвуд е екстремна модификација од фирмата Lanzante Ltd, на веќе фабрички модифициран GTR од сопственото одделение на McLaren за изработка по специјална нарачка, од McLaren Special Operations. Најсуштинската разлика меѓу овие два автомобила е во тоа што верзијата на Lanzante е хомологирана за нормален патен сообраќај, што значи дека фирмата ќе се обиде да постави рекорд за патнички автомобили со Кени Брек зад воланот, прочуениот тест возач на McLaren и победник на Инди 500 во 1999 година. Lanzante секако им звучи познато на ентузијастите на мотоспортот. Оваа фирма победи со McLaren F1 GTR на 24 часа Леман во 1995 година.

P1 GTR е автомобил што McLaren не планираше да го изработи. Но, кога Британците стартуваа со испорака на нормалниот McLaren P1 во патничка верзија, клиентите веднаш побараа дополнителна варијанта, уште поекстремна и наменета само за тркачка патека. McLaren Special Operations на салонот во Женева лани најави дека ќе понуди таков автомобил, по цена од 2 милиона фунти. Во цената на P1 GTR беше вклучена специјална тркачка обука, возење на ексклузивни настани на патеки за формула 1, како и сопствен тим од механичари.

Претходна објаваHonda Africa Twin ќе биде ѕвезда во новиот серијал на National Geographic
Следна објаваType R, 308 GTi, Cupra и GTI Clubsport на споредбен тест на Auto Bild

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here