Продажбата на Toyota Mirai во Јапонија стартуваше успешно. Во период од еден месец се продадени 1.500 примероци од автомобилот што користи водород како погонско гориво.
Toyota продаде 1.500 примероци од автомобилот со погон со горивни ќелии. Mirai се продава во Јапонија од средината на минатиот декември. Производителот првично очекуваше годишната продажба да достигне 400 примероци, што се покажа како премногу песимистички план. Околу 60 проценти од купувачите се државни институции и компании, односно четири од десет возила припаѓаат на приватни корисници. Најголем интерес за автомобилот со погон на водород има во Токио и во префектурите Аичи, Фукуока и Канагава. Поради огромниот интерес за возилото, купувачите ќе мораат да почекаат подолго на испораката отколку што производителот првично очекуваше.
Mirai користи погон со горивни ќелии со моќност од 154 КС и во септември ќе почне да се продава и на европскиот пазар.
















