Вака изгледа најголемиот салон за Renault и Dacia во Британија

Во предградието на Глазгов почна да работи најголемиот салон за Renault и Dacia на територијата на Велика Британија. Покрај овој салон не можеме да не бидеме горди и на македонскиот Renault.

Во Хилингтон, предградие во југозападниот дел на шкотскиот град Глазгов, започна со работа новиот продажно-сервисен центар за марките Renault и Dacia. Со изложбена површина на салонот од 1.470 метри квадратни и место за 23 автомобили, Renault Hillington е најголемиот продажен центар за француско-романската двојка на територијата на Велика Британија. Покрај тоа, во него се применува и новиот салонски концепт, со интерактивен конфигуратор за автомобили и „бренд-бар“ опремен со таблети.

renault hilington 08
Renault Hillington е во сопственост на Arnold Clark, најголема независна дилерска компанија на територијата на Европа

Со годишна продажба на 1.200 нови возила во регионот, Hillington е воедно и овластен специјалист за Renaultsport и Pro+, со соодветни услуги за ентузијастите за моделите со високи перформанси на француската марка, како и со услуги за флотна продажба. Во рамките на центарот спаѓа и отворена изложбена површина за 400 користени и нови возила, сервисен центар со 11 дигалки, полначи за струја и автоматска и рачна автоперална. Наскоро ќе проработат кафетеријата и терасата за клиентите.

Центарот е во сопственост на Arnold Clark, најголема независна дилерска компанија во Европа, којашто над 40 години работи со марката Renault и поседува уште 19 други центри на Renault во Британија. Во Хилингтон ќе биде сместена и комплетната администрација, маркетингот и финансиите на компанијата, со персонал кој брои 500 лица.

Renault и Dacia „растат“ двапати повеќе од целиот пазар во Британија

Марките Renault и Dacia до ноември се продадоа во 115.176 примероци, што претставува раст од 15,8 проценти во споредба со истиот период лани, и двојно повеќе од просечниот раст на целиот британски пазар на автомобили (+7,3%). Во овие бројки Dacia учествува со 24.225 возила.

Тоа што може да им причинува задоволство на македонските ентузијасти на марките Renault и Dacia е фактот што Аутомотив Груп во Скопје располага со објект со површина од вкупно 3.650 метри квадратни и салон со 650 метри квадратни, кафетерија, детско катче, современ сервис, обучен персонал, модерна архитектура… Очигледно дека можеме да се носиме со светот во поглед на капацитетите на нашите дилерства, единствено ќе беше добро доколку и продажбата на нови автомобили во меѓувреме успееше да заздравее по ударот од увозот на евтини „бемвиња“ и „мерцедеси“. Но, и тоа е само уште една тема што се поврзува со актуелната хиперзагаденост на воздухот.

Претходна објаваRinspeed Etos вози сам и има дрон во багажникот
Следна објаваMercedes го става GLC под напон и го претвора во ELC

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here