за ,

Вака изгледа луксузен пикник за сопствениците на Bentley Bentayga

Врвен британски готвач беше ангажиран да го состави менито за луксузен пикник по налог на Bentley. Што јадат британските благородници на пикник, ексклузивно ни открива производителот на луксузните автомобили од Кру. Плескавици и ражничи не се на менито.

Како и многу други традиции, Британците ја негуваат и навиката за правење пикник. Националната недела на пикникот е помината одамна, но за Bentley очигледно дека секогаш има добар повод за пикник, особено кога во неговото организирање учествуваат врвни готвачи и марки.

bentley luksuzen piknik 00007

Кулинарскиот тим од фармата „Дејлсфорд Органик“ направи британски пикник од органска храна, послужен на скапоцен сет од Linley Hamper, сето тоа по налог на одделението Mulliner на Bentley коешто е задолжено за изработки по специјална нарачка. Главниот шеф Гејвен Фулер користеше исклучиво сезонски намирници од органско потекло.

Оваа раскошна гозба почнува со тиква од Дејлсфорд наполнета со кељ, јаболка од „стар корен“, крцкава сланина, тостирани семиња и прелив од мед и сенф. Потоа следуваат:

  • есенско табуле со хељда
  • крокети од диви печурки, тартуфи и гројер кашкавал
  • тарт со печена тиква и црвен кромид во балсамико
  • колачи од јапонска тиква, чили и сланоток

Како кулминација на секој оброк, десертот се состои од макарони со малини наполнети со крем, сечкани чоколадни пралини и гато од лимон и малини.

Божественава храна е послужена во садови од сетот Linley Hamper by Mulliner, којшто се состои од чинии и здели од прочуената француска работилница за порцелан Haviland, додека сребрениот прибор за јадење потекнува од Alta Robbe and Berking.

Мајсторите на Bentley, конкретно од специјалното одделение Mulliner, посебно изработија и корпи за сместување на храната и приборот, коишто можат да бидат обложени во кожа со финиш на лен, магнолија, белуга или камила, а како врв, сопственикот може да нарача и семејниот грб да се втисне во кожата.

[FAG id=26338]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford ќе ја претстави новата Fiesta на 29-ти ноември

mercedes

Овој кабриолет на Mercedes-Maybach им го одзема сонцето на „Ролс и компанија“