Две третини од британските возачи сметаат дека управувањето со возилото е работа на возачот, не на компјутерите. Повеќето би се чувствувале непријатно кога електрониката ќе ја преземе контролата над воланот и педалите.
Во анкетата на британските возачи се покажа дека единствено луѓето што го доживуваат возењето како стресно и имаат доверба во технологијата можат да се чувствуваат пријатно кога компјутерите ќе ја преземат контролата над возењето. Тоа е еден од заклучоците на студијата спроведена од факултетот за економија и политички науки во Лондон, со цел да се утврди колку возачите се расположени за автономното возење.
Од 1.500 анкетирани, една четвртина изјавиле дека би се чувствувале пријатно при користење на технологијата на автономно возење, додека 28 проценти изјавиле дека немаат ништо против покрај нив да вози автономно возило. За обете опции се решиле 55 проценти од испитаниците.
Половина испитаници очекуваат подобра безбедност со автономните возила
Како причина поради којашто би се чувстувале пријатно во автономно возило, 44 проценти од испитаниците ја наведуваат безбедноста, односно се решиле за опцијата „машините немаат емоции, поради што можат да бидат подобри возачи од луѓето. За одговорот „повеќето незгоди се предизвикани од човечкиот фактор, така што автономните возила ќе бидат побезбедни“ се решиле 41 проценти од анкетираните возачи.
Секако дека постои и загриженост околу автономното возење. Шеесет и четири проценти од британските возачи ценат дека човекот треба да го контролира возилото. Со дури 85 проценти, уште поголем е уделот на возачите што ценат дека „автономните возила може да погрешат“. На прашањето дали автономните возила треба да имаат волан, 78 проценти одговориле позитивно.
















