Американскиот суд попушта за трилитарскиот дизел на Volkswagen

Се оддолжува разрешницата на дизелската афера на Volkswagen во САД. Судијата Брејер којшто е надлежен за стотиците цивилни тужби против германскиот концерн го одложи денешното рочиште за 16-ти декември. Тоа му дава дополнително време на Volkswagen да се спогоди со еколошките власти во САД околу натамошните планови за надминување на недоследностите во техниката за пречистување на издувните гасови во 80.000 возила со трилитарскиот дизел мотор.

Доколку се изнајде решение за трилитарскиот дизел, којшто се вградува во Porsche Cayenne, Volkswagen Touareg и во луксузните модели на Audi, концернот ќе постигне значаен напредок во излегувањето од дизелската афера. Донеодамна се чинеше дека ќе се постигне компромис. Во почетокот на ноември, судијата Брејер потврди дека е постигнат значаен напредок и изрази оптимизам за случајот со дизелите на Volkswagen.

Но, набрзо потоа следеа нови пријави за манипулации со издувните гасови, коишто доведоа до нови тужби во САД против Audi. Неизвесно е колку производителот ќе успее да ги убеди американските власти во делотворноста на предвидената модификација кај трилитарските дизели. Доколку не успее во тоа, следи скап сервисен повик за возилата, исто како со стотиците илјади возила со помалите дизели на Volkswagen. За тој случај, Volkswagen се спогоди со американските тужители за компензација во висина од 15 милијарди долари.

Претходна објаваСите модели на Ford ќе добијат кросовер изведба по пример на Fiesta
Следна објаваПрвите примероци од „водородната“ Honda пристигнаа во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here