за

Ако не може цел автомобил, тогаш барем парфемот: Bentley Blue Crystal

Мажите што држат до себе возат Bentley. Или носат парфем од Bentley. Нема разлика. Колку што автомобилите на куќата се скапи во однос на другите, толку се скапи и парфемите.

Колекцијата од машки парфеми од Bentley е збогатена со Blue Cristal, едиција во ограничена серија креирана во соработка со познатиот француски производител на кристали Lalique. Специјалистката за парфеми Милен Алран избра природен екстракт од ветивер, вид на индиска тропска трева за едицијата Blue Crystal. Ова е второ кристално шише што Lalique го креираше за ексклузивната серија на машки парфеми на Bentley. На коцкастото шише со импресивен изглед коешто е изработено рачно од цело парче кристал се наоѓа легендарното „летечко Б“ на Bentley. Тоа што сите ги интересира: Ограничената серија на парфемот Lalique for Bentley Blue Crystal, што ќе се понуди во 499 примероци, чини 3.500 фунти, односно 4.500 евра – по парче. А, како мириса парфемот? Веројатно исто толку скапо.

bentley blue crystal 2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Плејстејшн“ во живо: Nissan GT-R Nismo

Новиот Mondeo: Сите детали за знаменосецот на Ford