за

Автомобилскиот свет низ бројките на Seat

На површина од 2,8 милиони метри квадратни, што одговара на 400 фудбалски игралишта, годишно се произведуваат 400.000 автомобили. Тоа се основните податоци на фабриката на Seat во Марторел. Низ неколку примери, шпанската марка ни дава одличен вовед во спектакуларните бројки на автомобилскиот свет.

Четири години се потребни од првичниот концепт до готов автомобил, при што почетокот секогаш е ист – со пенкало и лист хартија. До постигнувањето на конечниот дизајн, преку 1.000 цртежи се менуваат на цртачките табли на дизајнерите. Во техничкиот центар на Seat, цртежите се преточуваат во тридимензионален објект преку модели изработени од глина, а за секој модел се потребни повеќе од 5.000 килограми глина.

Постапката на создавање нова боја трае три години, а во фабриката во близина на Барселона годишно се трошат 6,4 милиони литри боја, што е доволно за Алфеловата Кула да се пребојадиса 100 пати. Во техничкиот центар на Seat работат над 900 инженери во развојот на модели, кои годишно изведуваат над 55.000 симулации за да обезбедат безбедност и комфор во возилата. Околу 400 тестови на мирис и допир се изведуваат на годишно ниво на сите делови и материјали во кабината, заради постигнување пријатно чувство на патниците во идните модели.

Пред секој нов модел да биде пуштен во продажба, околу 50 инженери ги тестираат прототипите, извозувајќи ги до нивниот лимит на вкупна дистанца од 1.200.000 километри во летни и зимски услови на тестирање, во пустина и по мраз.

Во производствените хали, над 2.000 роботи вредно изработуват повеќе од 3.000 компоненти коишто го сочинуваат секој автомобил. На крајот од производството, 80% од продукцијата заминуваат за извоз, на пазарите во 75 земји кадешто е присутен Seat.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chrysler Portal ги отвора портите штом го „здогледа“ сопственикот

Toyota Concept-i е автомобил-робот со емоции