за

Јапонските олдтајмери добиваат на цена

Скапите олдтајмери обично носат лого на Ferrari, Mercedes или Bugatti. Јапонските марки ретко се среќаваат во оваа лига. Но, и тоа се менува. На едно наддавање, Toyota 2000 GT достигна цена од 900.000 евра.

Јапонските олдтајмери заостануваат далеку зад моделите од европските марки во поглед на тоа колку се зголемува нивната вредност со текот на годините. Овој заостаток во последниот период почнува да се смалува. Интересот расте особено за спортските модели на марките од Јапонија.

Најдобар пример за новиот тренд е Toyota 2000 GT. Во последниве десет години, цената на спортското купе на Toyota што се произведуваше меѓу 1967 и 1970 година се зголеми повеќе од двојно. Според официјалните каталози за процена на вредноста на олдтајмерите, во 2003 година ова купе произведено во 351 примерок вредело околу 95.000 евра, додека денес тоа се проценува на повеќе од 250.000 евра. Во април годинава, одлично сочуван примерок од серијата, на наддавање достигна цена од близу 900.000 евра.

Mazda 110 S Cosmo од 1967 година е првиот сериски автомобил со ванкел мотор со два ротациски клипа
Mazda 110 S Cosmo од 1967 година е првиот сериски автомобил со ванкел мотор со два ротациски клипа

Пазарните аналитичари на Classic Data очекуваат дека по примерот на „јапонскиот E-Type“, како што познавачите го нарекуваат купето поради сличноста со легендарниот модел на Jaguar, во иднина ќе почне да се зголемува цената и на другите спортски модели од јапонска продукција. Тоа важи особено за Datsun 240 Z, далечниот прапредок на денешниот Nissan 370 Z, како и на Mazda 110 S Cosmo, како прв сериски автомобил со ванкел мотор со два ротациски клипа.

Аналитичарите предвидуваат дека во иднина ќе расте цената и на другите спортски купеа од јапонските марки. Datsun 240Z секако е меѓу нив
Аналитичарите предвидуваат дека во иднина ќе расте цената и на другите спортски купеа од јапонските марки. Datsun 240Z секако е меѓу нивS 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Академски хакер го проби кодот на Lamborghini

Тест • Toyota RAV4 2.2 D-4D Executive