Јапонија го прогласи Subaru 360 за индустриско културно наследство

Првиот сериски произведен миниавтомобил на Subaru се најде на списокот на производи коишто претставуваат културно наследство на јапонската индустрија. Subaru 360 беше меѓу најпопуларните модели во земјата во 1960-те години.

Subaru 360 има дадено голем придонес за индустриската култура на Јапонија. Здружението на машински инженери на Јапонија (JSME) сега го прогласи миниавтомобилот од 1958 година за „индустриско културно наследство“. Свеченото доделување на наградата се одржа на Универзитетот Токио.

JSME е основано уште во 1897 година и денес се вбројува меѓу најголемите јапонски здруженија во браншата. Секоја година здружението ги одликува историски важните индустриски производи во Јапонија, за истите како дел од културното наследство на јапонската нација да им се пренесат на следните генерации. Од 2007 година се наградуваат највредните производи, на списокот во меѓувреме има 83 производи што се прогласени за културно наследство.

„Бубамарата“ ги освојуваше купувачите со просторната и функционална кабина

Под број 78, на овој список се наоѓа Subaru 360 K111, популарно наречен и „бубамара“. Станува збор за првиот сериски произведен миниавтомобил на Subaru. Бубамарата нудеше комоција за четири патници на само три метри должина на каросеријата, како и пристоен комфор во возењето. Со компактните димензии и функционалната кабина, Subaru 360 наиде на голема прифатеност на пазарот.

Претходна објаваNissan го најавува првиот сериски мотор со променлива компресија
Следна објаваFord им најде „занимација“ на најдобрите пилоти на дрон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here