за

Шефот на Peugeot Citroen се пензионира за 20.000.000 евра?

Француската влада му препорача на концернот PSA Peugeot Citroen да го провери износот на пензијата за шефот Филип Варен од 21 милион евра, пред претстојното заминување од функцијата.

Во сметките за ланската година, концернот PSA Peugeot Citroen одвоил нешто помалку од 21 милиони евра за пензиските обврски на претседателот Варен. Со оваа провизија би се покрила неговата годишна пензија од 310.000 евра во следните 25 години. Концернот пред смао неколку денови објави дека Варен ќе биде заменет со вториот човек во Renault, Карлос Таварес.

Министрите и синдикатите се вознемирија од веста дека 61-годишниот Варен, кој го ослободува претседателското место во компанијата три години пред истекот на договорот, ќе добива годишна пензија од 310.000 евра. „Имајќи ги во предвид проблемите со кои што се соочува PSA, како и фактот што државата веќе одобри кредит во висина од 7 милијарди евра за Banque PSA, побаравме мошне детално објаснување од PSA за финансиските страни на неговото пензионирање“, изјави министерот за индустрија Арно Монтебур.

Францускиот концерн отпушти преку 10.000 работници како последица од шестгодишната криза на европскиот пазар. Слабата продажба сепак не беше причина да се скусат премиите на раководните кадри во компанијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На Dodge Challenger му тресе хаубата – намерно!

Honda гради фабрика во Бразил