за

На Dodge Challenger му тресе хаубата – намерно!

Некои дизајнерски испади од минатото сакаме да ги заборавиме, како обратно напишаното „турбо“ кај BMW или црниот спојлер на Alfa Spider. Некои други дизајни, пак, будат убави спомени.

Ако се избира ера за којашто најмногу копнеат адреналинските зависници на четири тркала, тоа сигурно ќе биде ерата на „мускулестите автомобили“ во САД. Во овој кус период што траеше од средината на 1960-те до 1971 година се појавија легендите како Dodge Charger, Pontiac GTO и Plymouth Hemi Cuda. Ерата заврши во 1972 година, поради скапите осигурителни тарифи, како и строгите норми за екологија и безбедност.

Еден од највпечатливите и најоткачени белези на оваа ера е „shaker hood“ или тресачката хауба. Сега овој детал се враќа во Dodge Challenger R/T Shaker. Низ огромната дупка во хаубата ѕиркаат дебелите и темни ноздри, заедно со филтерот за воздух, и вшмукуваат воздух за ненаситните осум цилиндри под хаубата. Кога моторот стартува се тресе и овој „шејкер“, верно на името. При секое додавање гас се гледа директно како реагира моторот. Уживање.

Challenger R/T Shaker ќе стартува со продажба во САД од следната година по цена од 37.000 долари, односно околу 27.000 евра. Специјалниот модел со шармот на 1970-те години вози со 5,7-литарски V8 Hemi и допонително го поседува пакетот „Super Trak Pak“ со подиректно управување, подебели гуми и стегнати амортизери. Во кокпитот исто така живее ерата на „мускулестите автомобили“, меѓу другото со рачката на менувачот во стил на пиштол.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За оваа Honda им завидуваме на Индијците

Шефот на Peugeot Citroen се пензионира за 20.000.000 евра?