за

Шефот на BBC под смртна закана поради отпуштањето на Џереми Кларксон

Некои фанови очигледно побеснеа поради отпуштањето на водителот на култното телевизиско шоу „Top Gear“. Шефот на BBC добил смртни закани и во моментов се наоѓа под полициска заштита.

Лондонската полиција располага со докази за смртни закани кон шефот на британскиот канал BBC. Заканите се однесуваат на генералниот директор Тони Хол, пишува „Mail on Sunday“. Според британскиот весник, пред домот на Хол во Оксфордшир е поставено полициско обезбедување.

Скотланд Јард издаде соопштение во коешто се наведува дека станува збор за заканувачка порака добиена по Е-маил, без конкретно да го именува Хол. Според „ Mail on Sunday “, заканата се однесува на Тони Хол и поврзана е со отпуштањето на водителот на „Top Gear“, Џереми Кларксон. Е-маилот бил испратен веднаш откако во минатата среда беше донесена одлуката за отпушање на Кларксон. BBC тогаш реагираше со ангажирање на приватна фирма за обезбедување, заради заштита на директорот Хол.

Причина за отпуштањето – физички напад врз продуцентот на шоуто

Кларксон не доби продолжување на договорот за работа поради физичкиот напад врз продуцентот на шоуто. Водителот бил незадоволен од кетерингот што продуцентот го обезбедил по снимањето на емисијата. Во спроведената внатрешна истрага, BBC утврдил дека физичкиот напад имал долга претходница и на крајот реши да го отпушти Кларксон. Продуцентот не поднел пријава против водителот.

Јавноста во Британија, но и пошироко, оттогаш дискутира околу наследникот на популарниот и контроверзен водител. На фејсбук и твитер се напишаа огромен број коментари со негативна содржина во врска со шефот Хол и самиот канал BBC. Многумина се прашуваат како ќе продолжи емисијата „Top Gear“, којашто Кларксон ја водеше речиси три децении.

BBC најави дека емисијата ќе продолжи со променет концепт во следната гопдина. Во петокот беше објавена вест дека руски воен канал му понудил вработување на Кларксон, што неговите менаџери го протолкуваа како недоразбирање. Водителот отсекогаш се има подбивано со руските и советските автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus RS пристига во почетокот на 2016 година

McLaren ја започнува новата серија модели со 570S Coupe