за

Швеѓаните не дозволуваат кинеските сопственици да го користат името Saab

Шведската авиокомпанија Saab AB којашто ги поседува правата на марката Saab, нема да дозволи на возилата што ќе се продаваат во Кина да се користи името и логото на марката.

Актуелниот сопственик на погоните и на производствените права на Saab, компанијата Nevs во кинеска сопственост, неодамна потпиша договори за испорака на голема серија од модифицираната верзија на Saab 9-3 со погон на струја за кинескиот пазар. На фотографиите што ги објави компанијата можеше да се забележи дека на возилото стојат името и логото на Saab во благо видоизменета форма, што ги поттикна шпекулациите дека Nevs сепак планира да го продава возилото под заштитните обележја на марката Saab. Шведската авиокомпанија Saab AB, којашто ги задржа правата на името и логото на Saab, се спротивстави на овие планови на Кинезите и повторно нагласи дека нема да дозволи логото и името Saab да се најдат на возилата на Nevs.

Кинеската компанија сега ветува дека електричниот 9-3 ќе се продава под сменето име што ќе биде соодветно за пазарот во Кина. Во декември, Nevs потпиша договор со кинеската лизинг компанија Panda New Energy за испорака на 150.000 примероци од моделот 9-3 со погон на струја до крајот на 2020 година. Вториот договор со компанијата Volinco предвидува испорака на дополнителни 20.000 примероци од 9-3 до 2020 година. Nevs планира да изгради фабрика во Кина до 2020 година, каде што ќе се врши завршна монтажа на готовите производствени модули произведени во фабриката на Saab во Шведска.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Златен Nissan GT-R што (не) може да замени венчален прстен

На DeLorean му се врати иднината