Чиста десетка за Honda Civic: Премиера на салонот во Њујорк

Honda наесен ќе стартува со продажба на десеттата генерација на Civic во САД. Концептниот автомобил од салонот во Њујорк го најавува изгледот на јапонскиот компакт.

Honda Civic ужива висока популарност на пазарот во САД, особено во лимузинската и во купе изведбата. Верзијата со пет врати, којашто е најзастапена на европскиот пазар, веќе од 2006 година не се продава во САД, но Honda најави дека од следната моделска генерација повторно ќе ја понуди на американскиот пазар. За купувачите да се стрпат до десеттото колено на Civic, Јапонците сега го прикажаа идниот модел како концептен автомобил на салонот во Њујорк.

Поголема возна динамика и повеќе простор во кабината

Сосема очекувано, концептот е во каросериска изведба на купе, којашто е најпопуларна кај американските возачи. Дречливата зелена боја на концептот од Њујорк ќе се погрижи да привлече дополнително внимание. Каросеријата ќе порасне во ширина и во меѓуоскиното растојание, со скусување на каросериските превиси напред и назад. Јапонците ветуваат дека со тоа ќе постигнат уште поголема динамика во возењето и повеќе простор во кабината.

honda civic x220150401Дизајнерите ги погодиле пропорциите на каросеријата и купето изгледа подолго и пониско отколку досега. Типично за салонските настапи, предните светла користат диодна технологија и ја нагласуваат новата, поширока и повпечатлива маска. Интересен детал се отворите за воздух со агресивни форми, придружени од дневни светла во форма на бумеранг. Промени следуваат и под хаубата. Honda ќе вградува нова генерација бензински мотори, предводена од 1,5-литарецот со турбонатполнење. Менувачите исто така се нови.

Купето и лимузината во гамата на идниот Civic се развиени и ќе се произведуваат во САД, додека комбимузината и натаму ќе пристига од Јапонија и од Европа. Американските купувачи ќе го добијат и новиот Civic Type R во комбилимузинска форма.

Претходна објаваОва не е првоаприлска шега: Ако не може влечење, пробај туркање
Следна објаваШеснаесет работи што мора да се знаат за Land Rover Defender

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here