за

Шеснаесет работи што мора да се знаат за Land Rover Defender

Многу приказни се познати, но има уште многу други што досега не се раскажани. Овие шеснаесет приказни за Land Rover Defender откриваат помалку познати детали во историјата на кулниот теренец.

За легендарниот теренец се раскажани многу приказни, исто толку се слушнати, уште многу остануваат да се раскажат. Но, носталгијата нé тера повторно да се присетиме на некои приказни. До крајот на годинава ќе престане да се произведува Land Rover Defender. Од таа причина ги избравме неколку од највпечатливите поглавја од историјата на најтеренецот меѓу теренците. Тој не се викаше секогаш Defender, но за да нема дополнителни забуни, сите негови серии во продолжение ги водиме под актуелното име.

Воланот насреде

land rover defender 161120150402

Првиот Defender имаше волан во средина. На тој начин Rover не мораше да го приспособува возилото за пазарите со волан одлево. Покрај тоа, Defender беше наменет првенствено за извоз, со 70 проценти од продажбата постигнати на светскиот пазар. Немаше врати, исто како и за други седишта освен возачкото.

Автомобилот постар од марката

land rover defender 162820150402

Defender постои уште од 1948 година. Но, марката Land Rover е создадена дури во 1978 година. Легендарната збрка во англиската автомобилска индустрија придонесе за основање на Land Rover како засебна марка. Дотогаш Defender се произведуваше под марката Rover. „Ленд Ровер“ беше прекарот што тој го носеше уште од крајот на 1940-те години.

Извоз или пропаст

land rover defender 162620150402

Defender не беше планиран проект, туку импровизирана идеја спроведена набрзина. Во повоена Англија, челик добиваа само фирмите што можеа да докажат дека со него ќе донесат девизи во државата, односно фирми чиишто производи беа наменети за извоз. Rover произведуваше лимузини коишто беа наменети првенствено за британските купувачи. Во Солихал расклопија еден Willys Jeep, му вградија мотор од Rover, на шасијата поставија рачно склопена каросерија од алуминиум и возилото беше готово.

Погодена даночна политика

Defender 110 теоретски нудеше места за 12 лица, во времето пред да се забранат надолжно поставените клупи. Со тоа Defender беше ослободен од автомобилски данок на англискиот пазар, па смееше дури да вози и по лентата наменета за градскиот сообраќај.

Неочекуван успех

land rover defender 16920150402

Идејата беше Defender да ги донесе потребните девизи во касата на Rover и потоа да се повлече од моделската понуда. Rover никогаш немаше планирано долгорочно производство. Поради тоа каросеријата беше изработувана од рамни и мазни панели, коишто беа евтини и едноставни за производство. Во првата година се продадоа 3.048 возила, во втората година продажбата достигна преку 8.000 примероци, а во 1950 година веќе се продаваа 16.000 возила. Импровизираниот трактор непланирано му донесе на Rover повеќе пари отколку продажбата на лимузини.

Rail Rover – за возење по пруга

4718268185_9de7ff2efb_o

За Defender се нудат специјални бандажи под името „Hy-Rail“. Со нив буквално може да се вози по железнички шини. Оваа техника се користеше за вршење поправки на пругите.

Легендарна издржливост

land rover defender 162520150402

Во 1992 година Land Rover објави дека 70 проценти од сите произведени модели од 1948 година наваму сé уште се регистрирани и се користат редовно во сообраќај. Љубителите на марката дојдоа до податок дека процентот е уште повисок, дури 75 – што го потврди и Top Gear.

Листести пружини

land rover defender 161420150402

Том Бартон беше еден од инженерите во тимот задолжен за првиот Land Rover и беше активен до 1980 година. Крутите оски на Defender цели 35 години беа закачени на листести пружини. Тие се речиси неуништливи. Бартон подоцна има изјавено дек листестите пружини се толку некомфорни за возење на терен, што возачот автоматски ќе подзабави и со тоа ќе го поштеди возилото.

Неостварена желба за покрив

land rover defender 16320150402

Веднаш по почетокотна продажбата, голем број купувачи сакаа нивниот Land Rover да има и покрив. Но, Rover одбиваше да им ја исполни желбата и работата им ја препушти на трите каросериски работилници Tickford, Mulliner и Abbey Panels. Со нивните покриви, цената на возилото беше речиси двојно повисока, односно таа изнесуваше 960 место 540 фунти. Во 1950 година, Rover конечно почна да нуди и верзии со покрив.

Defender

land rover defender 161320150402

Името Defender се користи дури од 1991 година, во комбинација со бројките 90, 110 и 130 за означување на одделните моделски изведби. Бројките го означуваат меѓуоскиното растојание во инчи.

 

Тенкот од Land Rover

7929526912_b67b44fc0f_h

За потребите на армијата, Land Rover спои преден дел од Defender со заден дел од тенк Scorpion. Оваа креација тежеше 3,9 тони, но можеше да носи дури три тони. Се произведоа само три примероци, поради тоа што управувањето на возилото беше речиси невозможно. Во секој случај, дури овој тенк да вози и само право, ништо не може да го сопре.

Рекламниот слоган

land rover defender 16720150402

Во 1980-те години беше создаден рекламниот слоган „The best 4x4xfar.“ Тој до денес е еден од најдолговечните и најкористени слогани во историјата на маркетингот.

Првата експедиција

Првата експедиција на којашто Land Rover стекна гигантска популарност беше експедицијата на „Оксфорд и Кембриџ до Далечниот Исток“ во 1955/56 година. Студентите од обата универзитета обезбедија празни филмски ленти од BBC, со намера да го документираат подвигот. Тие ветија дека ќе вршат и истражувачки работи за наводнувањето на земјоделските површини во Индија и Пакистан, па како спонзор го добија и Кралското географско здружение. На тоа дојдоа и парите од дистилериите за виски, како и возилата од Land Rover. Експедицијата пристигна во Сингапур по шест месеци и 30.000 изминати километри. Имиџот на Land Rover профитираше најмногу.

Каросериски преправки

land rover defender 161520150402

Land Rover имаше едноставна и издржлива конструкција. Тој беше „најфлексибилниот автомобил во светот,“ така опишуваше марката. Ентузијастите буквално збудалеа кој ќе направи порадикална преправка на каросеријата. За да спречи уништување на имиџот, Land Rover го основаше одделението за „Специјални проекти“, каде што се проверуваа и се одобруваа плановите за сите модификации на возилото. Подоцна одделението беше преименувано во „Special Vehicle Operations“, за од 1992 година повторно да го промени името во „Special Vehicles“.

Пинк Пантер

Фото: simoncars.co.uk
Фото: simoncars.co.uk

Воената варијанта на Defender во 1967 и 1968 година имаше каросерија лакирана во темнозелена боја, беше снабдена со фрлач на гранати и држач за митралез, како и со резервоар од 500 литри. Од овој уништувач беа произведени 72 примероци и испорачани за 22-та регимента на САС. Но, темнозелената боја не беше вистинската боја за в пустина, поради што возилата беа прелакирани во розова боја. Овие примероци уште се помнат како „Пинк Пантер“.

Прв монстер-трак

land rover defender 16120150402

Првиот монстер-трак во светот исто така потекнува од Land Rover. Британското министерство за шумарство во 1950-те години распишало тендер за соодветно возило. Land Rover изработил верзија на Defender со тракторски гуми и оски од Studebaker.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чиста десетка за Honda Civic: Премиера на салонот во Њујорк

Opel Corsa: Еден нов мотор и поскапа за 2.500 евра? Не, благодарам!