за

Чешката влада лобира за фабрика на Tesla Motors

Специјалистот за автомобили на струја планира да изгради фабрика во Европа. Чешката влада ги вложува сите напори да го привлече американскиот производител во земјата.

Американците веќе подолго време се активни на планот да изградат нова фабрика за автомобили во Европа и се во потрага по најдобра локација за истата. Чешката влада ги ангажираше сите свои капацитети да го привлече американскиот производител на електрични автомобили Tesla Motors. Тоа го потврди и портпаролката на државната агенција за странски инвестиции CzechInvest во изјава за дневниот весник „Млада фронта Днес“.

„Познато ни е дека фирмата Tesla Motors е заинтересирана да реализира инвестиција во Европа. Ние внимателно ги следиме нејзините активности и подготвени сме да ги преземеме неопходните чекори да ја добиеме оваа инвестиција“, изјави портпаролката на CzechInvest Адела Томичкова. Натамошни детали не се откриваат со оглед на тоа што се работи за „мошне чувствителен проект“.

Skoda, Hyundai и TPCA веќе произведуваат во Чешка

Доколку инвестицијата се реализира во Чешка, тоа ќе биде веќе четвртиот производител на автомобили што ќе биде присутен во земјата. Фабрики во Чешка веќе имаат Skoda, Hyundai и TPCA (заедничка инвестиција на Toyota, Peugeot и Citroen. Автомобилската индустрија е главна задвижувачка сила на чешката економија и на извозот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Mercedes ги објави македонските цени за новиот GLA: Старт од 29.590 евра

За големи семејства: Автомобили со седум седишта