Четвртата генерација на Kia Sportage пристига на салонот во Франкфурт

Во средината на септември ќе доживее премиера новиот Kia Sportage, со изглед што го најавува новиот дизајнерски правец на марката. Исто како досега, за дизајнот е задолжен центарот во Франкфурт.

На големиот салон на автомобили во Франкфурт, кој започнува во средината на идниот месец (19-27 септември), Kia ќе одржи светска премиера на новата, четврта генерација на компактниот теренец Sportage. Марката денес ги објави и првите компјутерски рендери и скици од својот бестселер на европскиот пазар.

Впечатливиот и благо футуристички дизајн на каросеријата, според неговите творци, оддава моќ и динамика од кој агол и да се погледне возилото. Во внатрешноста исто така се најавува јасен и модерен стил, со избор на квалитетни материјали и промислена функционалност. Со четвртата генерација на Kia Sportage воедно се означува и стартот на новиот дизајнерски правец на корејската марка, којшто се раководи од европскиот дизајнерски центар на Kia во Франкфурт.

Hyundai Tucson: Моделот од марката сестра веќе ги прикажа новитетите што следуваат во новата генерација на Kia Sportage
Hyundai Tucson: Моделот од марката сестра веќе ги прикажа новитетите што следуваат во новата генерација на Kia Sportage

Порационална конструкција на кабината за повеќе простор за патници и багаж

Sportage и натаму ќе ја дели техниката со Hyundai Tucson, кој доживеа светска премиера пред неколку месеци. Оттаму, во моделот на Kia може да се очекува поголема просторност во кабината и во багажникот, во споредба со актуелниот модел, исто како и мотори и погонска спрега со оптимирана штедливост или нови системи за асистенција, вклучувајќи на пример, систем за следење лента кој по потреба интервенира и во управувањето.

Меѓуоскиното растојание ќе порасне за 3 сантиметри, на 2,67 метри, додека багажникот би требало да е за десетина проценти поголем од оној во актуелниот Sportage. Понудата од мотори ќе ја сочинуваат два бензински и два дизел мотора, при што поголемите верзии ќе се нудат во два степена на моќност. Основата е 1,6-литарски бензинец со директно впрскување и 132 КС, веќе вградуван во претходникот. Новитет е турбо верзијата на моторот, позната од i30 и од Veloster Turbo, со моќност од 177 КС и со 265 њутнметри. Дизел-понудата почнува со 1.7 CRDi со 116 КС и 280 њутнметри. Од претходникот е преземен и дволитарскиот дизел, повторно во две верзии на моќност, со 136 КС и 185 КС, при што посилната се испорачува само во комбинација со погон на сите тркала.

 

Претходна објаваПред 90 години: Како Ford стана германска марка?
Следна објаваНовиот Kia Sportage уловен на тестирање во Кореја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here