Kia со два милиона произведени автомобили во Европа

Јубилејното возило е „фалбаџискиот“ модел Pro_cee'd GT со 204 КС, нарачан од купувач во Белгија

Од фабриката на Kia во словачката Жилина излезе двемилионитиот примерок на марката од европско производство. Станува збор за спортскиот pro_cee’d GT со мотор со 204 КС.

Уште еден јубилеј во фабриката на Kia во словачкиот град Жилина. Од отворањето на оваа ултрамодерна фабрика кон крајот на 2006 година, Kia произведе два милиони автомобили на европска почва. Повеќе од една половина од возилата што Kia ги продава на европскиот пазар доаѓаат од фабриката во Жилина, воедно и единствена фабрика на марката во Европа. Тука се произведуваат компактниот теренец Sportage, семејниот миниван Venga, како и целото моделско семејство на cee’d, вклучувајќи ги комбилимузините со три и пет врати, комбито Sportswagon и спортските верзии cee’d GT и pro_cee’d GT.

Историското возило е Kia pro_cee’d GT, со бензински мотор од 1,6 литар, со директно впрскување и турбонатполнење и моќност од 204 КС. Јубилејното возило е нарачка на купувач од Белгија. Лани во Словачка се произведоа рекордни 323.000 возила на Kia и 493.000 мотори, од коишто дел се испорачуваат за партнерот Hyundai во Чешка. Преку половина од досега произведените возила се од моделското семејство cee’d, а потоа следат Sportage и Venga. Фабриката оперира со 76 пазари глобално.

Претходна објаваВодородната Toyota доби специјален салон во Токио
Следна објаваVolkswagen одбележува четири децении на Polo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here