за

Хју Џекмен се појави со Audi R8 на премиерата на „Волверин“

Меѓу ѕвездите на синоќешната премиера на филмот Волверин во Лондон се најде и спортскиот Audi R8, како официјален автомобил на ѕвездите од филмот.

Покрај Хју Џекмен, кој ја има главната улога во филмот, на премеирата се најдоа бројни имиња, меѓу нив Вил Јун Ли, Рила Фукушима, Тао Окамото, Фамке Јансен и режисерот Џејмс Менголд. Сите овие ѕвезди се довезоа пред црвениот тепих со Audi R8.

Акциско-авантуристичкиот филм се базира на познатиот стрип Икс-Мен. Хју Џекмен, во улога на Волверин, простигнува во модерната Јапонија, како територија што му е целосно непозната. Тој се соочува со неговите најголеми противници во борба за живот и смрт. Оваа борба ќе го промени херојот засекогаш.

Волверин и Јукио, толкувана од Рила Фукушима, во филмот возат Audi R8 Spyder, сличен на автомобилот што се дефилираше на црвениот тепих. Во филмот има и сцени со Audi A8 L и Ducati Diavel, култната мото марка што е во сопственост на Audi.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Ford Transit Connect доаѓа в година

Renault Alpine тестира маскиран во Lotus