за

Renault Alpine тестира маскиран во Lotus

Renault го подготвува наследникот на легендарниот Alpine. Автомобилот што Французите го развиваат заедно со Caterham ќе донесе свежи спортски гени во имиџот на марката.

Француската марка полека го доведува спортското купе Alpine до стадиум за сериско производство. Прототипите на моделот во овие денови се тестираат на патеката во Нирбургринг, маскирани под каросерија на Lotus, но под неа со техника од идниот Alpine. Моментно се испробува дотерувањето на амортизацијата која што потекнува од специјалистот Öhlins, чии што амортизери меѓу другото се вградуваат и во актуелниот Megane RS. Новата подмарка на Renault се развива во соработка со англискиот Caterham, кој исто така ќе нуди верзија од моделот под својата марка. Стартот на продажбата може да се очекува најрано во 2016 година.

alpine 2

Лани Renault одбележа 50-годишнина на легендарниот Alpine A 110, со претставување на спектакуларната студија A110-50. Прототипот уште тогаш ги подгреа гласините за можното враќање на спортската марка. Моторот во опашот на возилото е 3,5-литарски V6 со 400 КС, од Megane Trophy, а моќта се пренесува на задната оска преку секвенцијален менувач со шест степени. Менувачот е вграден наолжно зад моторот. Свеж воздух за моторот доаѓа од каналот во покривот, исто како кај историскиот модел. Податокот за моќноста е дотолку повеќе импесивен што возилото тежи само 880 килограми.

Renault_32459_global_en (1)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хју Џекмен се појави со Audi R8 на премиерата на „Волверин“

Британците нарачаа над 1.300 примероци од Peugeot 2008 на невидено