за

Франција ги забранува новите модели на Mercedes?

Спорот околу новото разладно средство за клима уредите во автомобилите ескалира. Според магазинот „Шпигел“, моделите од класите A, B и SL, произведени по 12-ти јуни, не може да се регистрираат во Франција.

Французите одбиваат да издадат хомологација за неколку од поновите генерации на модели на Mercedes поради тоа што клима уредите работат со разладното средство R134a кое што повеќе не е дозволено во ЕУ. Mercedes веќе преговара во француските власти, но неа информации околу досегашниот исход.

ЕУ пропишува користење на разладно средство за клима уредите кое што е помалку штетно за животната средина од претходно користеното R134a. Од почетокот на годинава е дозволено само расладното средство R1234yf. Daimler одбива да го користи гасот кој што го произведуваат американските концерни Dupont и Honeywell, затоа што смета дека истиот е премногу запаллив при незгода или при протекување.

Daimler и натаму го вградува средството R134a, иако тоа е забрането со типската хомологација од 2011 година. Тоа се однесува на новите модели од класите A и B, како и родстерот SL. Во моделите кои што се влезени во производство пред 2011 година старото средство може да се користи и натаму.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Дали ова ќе биде новата Opel Omega?

Тест • Peugeot 301 1.2 VTi Active