за

Дали ова ќе биде новата Opel Omega?

Гигантот General Motors ја нуди моќната лимузина Vauxhall VXR8 само на англискиот пазар. Можно е моделот наскоро да се појави и под знакот на Opel и да се продава во цела Европа.

Моќната лимузина што марката сестра на Opel ја продава во Англија ја користи техниката од австралискиот модел Holden Commodore. Првата генерација на овој модел се појави во 1978 година, како комбинација од Opel Rekord и Opel Senator. Следните генерации користеа продолжена платформа од Opel Omega и со изгледот беа верна копија на големата лимузина на Opel.

Под хаубата на првите генерации работеа мотори со шест и осум цилиндри од General Motors. Од 1990 година Австралијците го понудија Commodore во спортската изведба HSV, скратено од Holden Special Vehicle, за на крајот австралиската Omega да добие шестлитарски V8 со 400 КС. Техничката основа од Opel беше напуштена дури во 2006 година, откако Holden разви сопствена платформа за големата лимузина, која што ја користи и актуелниот врвен модел Holden HSV Gen-F GTS, односно оригиналната изведба на англискиот VXR8.

Со оваа верзија Opel ќе може да им конкурира на моќниците Audi RS 6, BMW M5 и Mercedes E 63 AMG. Од моќните моделски изведби профитира целата гама, затоа е корисно производителите да имаат такви репрезентативни модели во понудата. Контунуираниот глобален успех на моделските серии на Audi A6, серијата 5 на BMW и класата Е на Mercedes докажува дека ваквото пумпање на имиџот функционира. Моментно Opel нема модел со кој што би им парирал на овие модели од вишата класа, а тука е најголем профитот. Затоа е сосема можно Opel наскоро да изненади со нова Omega.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo ќе воведе нови безбедносни системи со идниот XC90

Франција ги забранува новите модели на Mercedes?