Култниот француски режисер Клод Лелуш го сними овој возбудлив краткометражен филм во 1976 година, со Ferrari 275 GTB. Постојат многу митови, теории и шпекулации, за тоа како е снимен филмот во рано утро по париските улици, без какво било запирање или контрола на сообраќајот. До ден денес не е разоткриено како Лелуш успеал во овој филмски подвиг, на когошто сите вљубеници во брзото возење ќе му бидат благодарни. Следуваат незаборавни и крајно реалистични сцени, ова дефинитивно е ремек дело.
















