Погоните во кои што ќе се произведува новата генерација на i10 се готови по само една година. Во неа ќе работат 2.800 лица, планираниот извоз е 150.000 возила до крајот на 2015 година.
Hyundai е пред крај со проширувањето на фабриката во Турција, со која што се удвојува производствениот капацитет на повеќе од 200.000 возила годишно и воедно се подготвува производството за новиот i10.
Во новите погони за пресување, за монтажа на каросерија и за опремување во Измит се инвестирани 609 милиони долари, што е повеќе од вкупната сума што е инвестирана од отворањето на фабриката до денес. Производството на новиот i10 е планирано да стартува на крајот на септември, за пазарите во Европа и за Турција.

Паралелно со инвестицијата на Hyundai во турската фабрика, во проширување и модернизација на погоните вложија и триесетината корејски добавувачи кои што се стационирани во близина на фабриката во Измит. Во фабриките на Hyundai и на добавувачите се отвораат 2.800 нови места. Околу 1.000 лица започнаа со обука во минатата година, а новите вработувања ќе продолжат до крајот на следната година. Со тоа, бројот на вработени во Hyundai и во фабриките на добавувачите ќе изнесува 6.300 лица.
Новиот i10 ќе се произведува на истите погони со i20, кој стартуваше во Турција во 2010 година. Фабриката во Измит постепено се претвора во база на Hyundai за производство на возила од пониските сегменти. Автомобилите ќе се извезуваат во преку 30 земји, главно во Европа, со план за производство на повеќе 160.000 возила во 2014 и околу 180.000 возила во 2015 година.
[box type=”info” align=”aligncenter” ]Hyundai е меѓу напродаваните марки во Турција, со годишна продажба на 46.000 возила, што дава пазарен удел од 6 проценти. Исто како на македонскиот пазар, сопствениците на Hyundai добиваат трикратна 5-годишна гаранција, односно 5 години гаранција на возило, помош на пат и бесплатна проверка во сервис.[/box]