Хибридната Porsche Panamera со 4,4 литри на сто километри

На презентацијата за медиуми на хибридната Panamera беше регистрирана просечна потрошувачка од 4,4 литри бензин на 100 километри. Спортувањето повеќе не е луксуз.

Примерната вредност на потрошувачката на гориво беше забележана за време на меѓународната презентација на Porsche Panamera S E-Hybrid, по 42 одделни тест возења на новинари на вкупно растојоание од 1.200 километри. Најниската забележана потрошувачка на тест возењата беше 2,8 литри на сто километри. Според актуелните норми за хибридни возила, штедливата Panamera троши 3,1 литри гориво.

ampnet_photo_20130524_062259
На тестирањето се потврди дека хибридната Panamera е способна да извози преку 30 километри само на батерии. Патниот компјутер покажува потрошувачка нула

На секое тест возење имаше по тројца патници, со вклучена клима и со забрзувања до 230 километри на час. За мерење на потрошувачката беше испланирана рута во должина од 28,7 километри, составена од 6,5 километри градско возење низ Хокенхајм, 9,2 километри возење по спореден пат и 13 километри по автопат со неограничена брзина.

На автопат беше предвидено да се забрзуваа до 230 километри на час
На автопат беше предвидено да се забрзуваа до 230 километри на час

На возењето се потврди дека хибридната Panamera е способна да извози 36 километри само со енергијата во батериите, со просечна брзина од 54 km/h. Panamera S E-Hybrid е прво хибридно возило од премиум сегментот чии што батерии може да се наполнат со приклучување на струја. Системската моќ на супермобилот изнесува 416 КС, забрзувањето до 100 трае 5,5 секунди, а крајната брзина изнесува 270 километри на час. Продажбата во Европа започнува кон крајот на јули.

Претходна објаваАко ова е идниот Twingo – нека доаѓа побргу!
Следна објаваФабриката на Hyundai дава нов економски поттик за Турција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here