Изгледа како играчка, но големо е колку сите други. Нема каросерија, има цевна рамка. Нема еден мотор, туку четири електромотори со вкупно 600 КС. „Мобиле“ е еден од најсилните електромобили во светот. И умен исто така.
Дури и идејата со тркалата е доволна да привлече внимание. Секое од четирите тркала има посебен погон и врзан е со сопствено управување. На тој начин секое тркало може да се врти независно од другите, а возилото да врти во круг или да паркира странично. Креаторите на Леони, кој уште од 2010 година се движи самостојно низ Брауншвајг, овојпат си поставија друга цел со возилото кое е дел од проектот Mobile. Класичните мотори се заменија со електромотори. Но, тоа е само почетокот.
[one_half]
[/one_half]
[one_half_last]Професорот Томас Фитор од Институтот за конструкциска техника ја осмисли носечката рамка на возилото, како основа за флексибилноста на концептот. Во останатите компоненти учествуваа исклучиво студентите од Универзитетот, така што секој дел од возилото практично е дипломска работа. Одделните компоненти прво се развиваа во компјутерска симулација, а потоа се тестираа на пробен модел во размер 1:5. Поголемиот дел од трошоците за развој на возилото во висина од 310.000 евра ги обезбеди самиот Универзитет.[/one_half_last]
[one_half]Иако тоа не се воочува на прв поглед, во возилото се наоѓаат неколку иновативни идеи за автомобилите на иднината. Поради фактот што возилата стануваат сé посамостојни во возењето и со тоа расте обемот на електронски компоненти во нив, безбедноста станува примарен фактор. Автомобилите мора сами да поседуваат безбедносен концепт, во случај возачот да не е во состојба да интерверира при опасност. За безбедноста да се тестира на највисоко ниво, научниците и студентите го направија најсилниот електромобил што може, под мотото – ако функционира тука, ќе функционира и кај послабите автомобили.[/one_half]
[one_half_last][/one_half_last]
Денешните автомобили имаат механичка или хидраулична врска на воланот и сопирачките со тркалата. Возачот и натаму самостојоно го управува возилото. Разликата кај автомобилите од иднината е во тоа што кај нив воланот се наоѓа на оска, што завршува во празно. Нејзиното вртење го следат сензори и го пренесуваат тоа до соодветните компоненти. Исто функционираат педалите за гас и за сопирање. Функционирањето на овој автомобил зависи само од волјата на електрониката.

Конвенционалните решенија повеќе се ориентираат на безбедноста. Во случај да откаже електромоторот, постои втор систем за управување кој ја презема задачата. Наспроти тоа, проектот Mobile го користи фактот што постојат вкупно четири погони и управувања за тркалата, кои што се поврзани со интелигентна врска. Доколку откаже некоја компонента и тркалото остане во мирување, другите тркала соодветно си ги прераспределуваат задачите и овозможуваат возилото да отиде до сервис.

Mobile може уште повеќе од тоа. Постоечките електромотори се приспособуваат според ситуацијата. Притоа, возилото е тоа што решава, а не возачот. При брзо возење, на пример, задните тркала може да се движат поинаку отколку при побавно возење, затоа што инаку возилото би станало нестабилно за управување. Електрониката ја проценува позицијата и брзината, како и можниот ризик при секоја акција и решава соодветно на тоа.

За разлика од прототипот „Леони“, кој самостојно ги препознава патот, средината и сообраќајните знаци и дополнително ги познава сообраќајните правила, за да може самостојно да се движи по улиците, проектот Mobile се посветува на интерна автономија. Возилото разбира како меѓусебно функционираат електронските и механичките компоненти, свесно е за моќта и за ризиците, како и за фактот што возачот има релативно ограничени можности да интервенира во комплексната електроника.