за

Украдениот Chevrolet Bel Air пронајден по 30 години

Американецот Јан Вилсон по цели три децении повторно го виде својот автомобил. Калифорниската полиција го пронашла неговиот Chevrolet Bel Air во бродски контејнер на пат за Австралија.

Јан Вилсон останал без својот вреден Chevrolet Bel Air во 1984 година, откако крадците го „собрале“ возилото паркирано пред неговиот дом. По куса потрага, сега 65-годишниот Вилсон се откажал од натамошно барање и се помирил со фактот дека никогаш повеќе нема да го види својот миленик на четири тркала. Вилсон го купил автомобилот од негов роднина во 1975 година за 375 долари и секојдневно го користел сé до моментот кога бил украден од пред неговата куќа.

Во минатата недела тој добил ненадеен повик од полицијата. Неговиот автомобил конечно бил пронајден и истиот се наоѓал во одлична состојба, со нови гуми и со нов мотор, комплетно реставриран, со само девет милји на бројчаникот. Олдтајмерот произведен во 1957-та година изгледал како да е штотуку излезен од фабрика, подготвен да дефилира на најголемите собири на олдтајмери.

Последниот сопственик и несудениот иден сопственик на овој Chevrolet Bel Air воопшто немале претстава дека автомобилот е украден и дека тој официјално уште се води во сопственост на Јан Вилсон. Претходно автомобилот бил регистриран на уште три други сопственици, но никој не посветувал внимание на неговото потекло, затоа што недостигала првата буква во бројот на шасијата. „Некој вложил многу труд и пари во автомобилот. Не сакам ниту да помислам колку е бесен Австралиецот“, изјавил Вилсон по пронаоѓањето на неговиот Bel Air.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дизајнерската судија Intrado го прикажува новиот изглед на Hyundai

Отсега може да се вози и мотоцикл од Lotus