за

Убаво и опасно

Кога Miura го здогледа светлото на денот во 1966 година, таа беше најбрз автомобил на светот. Но, автомобилот имаше еден проблем

Lamborghini Miura е ремек дело на автомобилското инженерство. Додека Мaserati и Ferrari се натпреваруваа со луксузни купеа, кај кои што решавачка улога имаше должината на хаубата, Феручио Ламборгини го пробиваше концептот на возила со средишно вграден мотор. Кога се појави на улиците во 1966 година, родстерот беше најбрз автомобил на светот со крајна брзина од 276 km/h.

Но, првата серија од 764 примероци имаше сериозни технички проблеми. Карбураторот што се користеше за нив беше дотеран за тркачки патеки, а не за возење по обични улици. Кога возилото мируваше во место, покрај педалот за гас се собираа бензински испарувања, кои при подолго чекање на семафор буквално можеа да се запалат, особено ако се стартуваше под полна гас.

Во центарот на Лондон целосно изгоре вреден примерок од Miura. Не е познато зошто се запалил моторот. Но, тоа што се знае е дека се работи за примерок на Miura од последната серија SV од 1971 година, изработена во 150 примероци, од кои еден за Френк Синатра. Можно е краток спој да бил причина за пожарот.

Во 2009 година се покажа дека Miura е лесно запаллив материјал. Во швајцарскиот Рајхенбург буквално пламна едно возило. подоцна во серијата беа извршени модификации врз карбураторот, со кои се спречуваше таложење на бензински испарувања.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Toyota Auris 1.6 Valvematic Luna

Bugatti во погрешна брзина