Турската фабрика на Toyota стартуваше со производство на C-HR

toyota-c-hr-turcija
Toyota C-HR на производствената лента во фабриката во Турција

Во фабриката на Toyota во турската Сакарија започна сериското производство на новиот C-HR. Впечатливо дизајнираниот кросовер е осми модел на Toyota од европскиот регион и трет модел достапен и во хибридна изведба. На истата лента се произведуваат Corolla и Verso.

Производствените погони на Toyota во турскиот град Сакарија го зголемија капацитетот од 150.000 на 280.000 примероци специјално за новиот кросовер C-HR, којшто глобално ќе се произведува единствено во оваа фабрика. За таа цел, Toyota вложи дополнителни 350 милиони евра во погоните отворени во 1994 година и ангажираше уште 2.000 работници, за вкупниот работен персонал сега да изнесува 5.000 лица.

Осумдесет проценти од продукцијата во турската фабрика се извезува во европските држави. Со C-HR, оттука ќе се снабдуваат и пазарите во САД, Канада, Тајван, Маурициус и Јужна Африка. Toyota го смета C-HR за „вистински Европеец“. Погонот за хибридната верзија се испорачува од Северен Велс, а мануелните менувачи за верзијата со 1,2-литарски бензинец пристигаат од Полска.

Од 2018 година, тука ќе се произведува и хибридниот погон. Од 135 фирми во добавувачкиот синџир, 134 се европски, а дури 71 добавувачи се лоцирани во Турција. Вклучувајќи го C-HR, повеќе од три четвртини од продажбата на европска територија се покриваат со регионалната продукција на возила.

Претходна објаваВака изгледа Honda дизајнирана специјално за бразилскиот пазар
Следна објаваGeneral Motors отпушта две илјади работници во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here