Вака изгледа Honda дизајнирана специјално за бразилскиот пазар

Honda денес премиерно го претстави новиот кросовер што е наменет за продажба на јужноамериканскиот пазар и соодветно е скроен според вкусот и барањата на тамошните купувачи. Изгледот на WR-V по малку отстапува од тоа што сме свикнале да го гледаме кај Honda.

Локалниот огранок на Honda во Бразил денес премиерно го претстави компактниот кросовер WR-V на салонот во Сао Пауло. Изгледот и концепцијата на новиот кросовер се дело на бразилскиот тим на Honda, скроени според тоа што тамошните купувачи го подразбираат под „издржливо и урбано“. Во исто време, WR-V нуди практичност, просторна кабина, но и штедливост и возни својства коишто се очекуваат од модел на Honda.

Продажбата ќе стартува во првата половина од следната година, прво во Бразил, а потоа и на останатите големи пазари во Јужна Америка. Honda е присутна во земјата уште од 1971 година и досега има продадено 24 милиони мотоцикли, автомобили и електрични алати.

Под хаубата работи мотор од 1,5 литар што работи и на етанол и на бензин

Јапонската марка најави дека ќе го зајакне своето локално присуство уште откако го отвори развојниот центар во 2013 година, меѓу другото и со цел верно да одговори на барањата на бразилскиот пазар. Новиот WR-V им се придружува на постоечките CR-V и HR-V, како основен модел во понудата од спортски теренци за јужноамериканскиот пазар. Платформата на четириметарскиот кросовер потекнува од Honda Jazz, под хаубата работи 1,5-литарски мотор со 116 КС, кој вообичаено за бразилскиот пазар може да работи и на етанол и на бензин. Изведба со погон на сите тркала не се предвидува.

Планови моделот да се понуди во Европа засега не се спомнуваат.

Претходна објаваПред утрешната премиера на Volkswagen Golf „7 и пол“
Следна објаваТурската фабрика на Toyota стартуваше со производство на C-HR

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here