
Honda го произведе тристотинимилионитиот мотоцикл. Јубилејниот примерок е Gold Wing и произведен е во фабриката на Honda во Кумамото, Јапонија. Историјата на мотоциклите на Honda почнува во 1949 година, со производството на моделот Dream D. Најуспешен мотоцикл на сите времиња со знакот на Honda е Cube, којшто и денес е во понудата на јапонскиот гигант и досега е продаден во околу 87 милиони примероци. Cube е стандардно превозно средство во цела Азија.
Од 1963 година Honda произведува мотоцикл и и надвор од Јапонија, со почетокот на производството во фабриката во Белгија. Моментно Honda произведува мотоцикли во 33 фабрики во 22 држави. Само во минатата година од производствените ленти се симнаа 16,8 милиони мотоцикли.















