Тридецениска разлика: Volkswagen Polo G 40 против Polo GTI

Кога Volkswagen го претстави Polo G 40 во 1985 година, малкумина претпоставуваа дека малечкиот тркач ќе постигне успех. По 29 години, Polo GTI живее култен статус исто како поголемиот брат, Golf GTI.

Со доминантен спојлер напред, впечатливи прагови и заден спојлер во препознатливиот стил на GTI, спортската верзија на Polo верно ја отсликува моќта што се крие под ламарината. Во поглед на перформансите, Polo GTI е блиску до нивото на најбрзиот сериски модел на Polo во историјата, до Polo R WRC. Овој модел послужи како хомологациска основа за рели болидот што ја понесе титулата во светскиот шампионат во рели во последните две сезони.

volkswagen polo g 40 gti 1-4327589

Постои драстична разлика меѓу купе-верзијата на Polo од 1985 година, којашто се разликува од стандардните модели само по двата амблема G 40, и актуелниот Polo GTI. Истото важи и за внатрешноста. На времето беа доволни спортски седишта во каро-дизајн, додека денешниот модел оддава атмосфера што е над стандардите за оваа класа на возила.

Купувачите сепак не се решаваа за купување на G 40 поради неговиот изглед или опремата, туку првенствено поради перформансите. А тие се на завидно ниво и според денешните стандарди. Четирицилиндарецот од 1,3 литар постигнуваше моќност од 113 КС. Со спиралниот компресор во форма на G, од каде што потекнува и ознаката на моделот, Polo пред 29 години повлекуваше убедливо уште од најниски вртежи и се одликуваше со исклучително рамномерно ослободување на моќноста. Спринтот до сто трае помалку од осум секунди, а крајната брзина изнесува 199 km/h.

volkswagen polo g 40 gti 1-4317589

Се разбира дека ниската тежина од само 850 килограми е голема „олеснителна“ околност за високите перформанси на G 40. Актуелниот Polo GTI сепак умее многу подобро. Под хаубата работи 1,8-литарски мотор со турбонатполнење и директно впрскување, со 192 КС и 320 њутнметри. Со оваа моќ, GTI забрзува до сто за 6,7 секунди и продолжува до 236 km/h.

Претходна објаваAlfa Romeo 4C во салонот на Аутомобиле СК
Следна објаваPuzzlephone: Модуларен паметен телефон од Финска

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here