Автомобилот што на најверен начин ги враќа во живот традиционалните вредности на Alfa Romeo отсега е достапен и на нашиот пазар. Alfa Romeo 4C е суперспортски автомобил достапен за ентузијастите на култната италијанска марка.
Новиот Alfa Romeo 4C ја доживеа својата премиера и кај нас. Овој двосед со мотор поставен средишно најверно ги отелотворува гените на Alfa Romeo: перформанси, италијански стил и високи технички стандарди за максимално уживање во возењето. Alfa Romeo 4C користи технологии и материјали вообичаени за суперспортските автомобили, по пример на Alfa Romeo 8C Competizione – карбонски влакна, алуминиум, погон назад. Моторот од 1,8 литар користи тубонатполнење и директно вбризгување, и работи во комбинација со шестстепен менувач со двојна спојка. Секако дека во динамичното купе не смее да недостига Alfa DNA Race, со повеќе програми на возење.
Технички податоци
Alfa Romeo 4C
Мотор: 4 цилиндри, турбо, директно впрскување, вграден надолжно во средина, 1742 cm3, 240 KS при 6000/min, 350 Nm меѓу 2200 и 4250/min Пренос: Менувач со двојна спојка, 6 степени на пренос, погон назад, електронска блокада на диференцијал Шасија: Карбонски монокок, двојни триаголни водилки напред, мекферсон назад, перфорирани сопирачки дискови, напред 305 x 28 mm, 4-клипни сопирачки Brembo, назад 292 х 22 mm, гуми напред/назад 205/45 R17, 235/40 R18 Димензии и тежини: ДхШхВ 3989 х 1864 х 1183 mm, меѓуоскино растојание 2380 mm, багажник 110 L, празно возило 895 kg, резервоар 40 L Перформанси: 0-100 km/h за 4,5 s, 258 km/h, максимално странично забрзување 1,1 g, максимално забавување при сопирање 1,25 g Потрошувачка (град/пат/просек) 9,8/5,0/6,8 L/100 km
















