за

Третото лице на Renault Megane

Clio го има, Twingo исто така, донекаде и електричниот Zoe: Новото лице на француската марка сега го добива и Megane. Ова е веќе втор фејслифт на компактот на Renault.

Трите каросериски изведби, лимузината, комбито и купето во гамата на Renault Megane, од почетокот на 2014 година ќе го носат новото лице на француската марка, кое што веќе го краси и новиот Clio. Главно обележје на новиот изглед е огромното лого во маската. Мал козметички зафат добија и предните светла. Спортските модели R.S и GT се препознаваат по црната маска на светлата.

По премиерата на новата генерација во 2008 година, компактниот Француз го доби првото моделско осветжување во средината на 2012 година. Со неколку поблаги зафати беше променет стилот на предниот дел од возилото. Фејслифтот повеќе беше насочен кон проширувањето на моделската понуда. Renault сė уште не открива кои технички промени го следат освежувањето на Megane.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazda 3: Маратон од 15.000 километри од Хирошима до Франкфурт

Сите новитети на салонот во Франкфурт