Сите новитети на салонот во Франкфурт

На 12-ти септември салонот во Франкфурт ќе ги отвори вратите за посетителите. Се очекуваат близу 160 премиери, но не се исклучени и големи изненадувања.

Од 12-ти септември Франкфурт повторно ќе биде домаќин на најзначајниот салон на автомобили во светот. Најавени се близу 160 премиери. Впечатокот е дека во оваа година салонот повеќе ќе мине под знакот на еволуцијата отколку на револуцијата. На штандовите на повеќето производители ќе бидат претставени освежените моделски годишта и новите каросериски изведби.

Концептните автомобили и студиите нема да недостигаат ниту во оваа година, но мал дел од нив ќе доживеат реализација во сериско производство. Тоа што јасно се распознава е трендот на електрификацијата, без разлика дали се работи за хибриден погон или за чист погон на струја. Секако дека не е исклучено дека во Франкфурт ќе има и повеќе изненадувања.

Во галеријата Ви ги прикажуваме најзначајните новитети на салонот.

Претходна објаваТретото лице на Renault Megane
Следна објаваSuzuki iV-4: Серискиот модел ќе стартува во 2015 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here