за

Топ 10 држави по продукција на автомобили во ЕУ

Германија со право се нарекува авто нација. Во минатата година Германците произвеле трипати повеќе автомобили од Французите. Италијанците оставаат другите да работат за нив.

Во минатата година од производствените ленти во германските фабрики се симнале близу 5,5 милиони автомобили. На второто место е Франција, каде што најголемиот дел од продукцијата сосема очекувано припаѓа на групацијата PSA Peugeot Citroen. Покрај повеќе и помалку познатите домашни марки, во земјата произведуваат автомобили или делови за нив и марките Volvo и Smart. Бронзата на најголеми производители во ЕУ е за Шпанците. На големиот полуостров, покрај Seat, произведуваат и Volkswagen и Audi, како марки сестри од концернот. Opel исто така е присутен во земјата, со производство на Meriva во Сарагоса.

Во Велика Британија е силно присуството на алијансата Renault – Nissan, а Honda е најголем производител на автомобили во земјата, со гигантските погони во Свиндон. Секако, Британците произведуваат уште многу марки како Lotus, Catherham, Rolls-Royce или Bentley, но бројката на овие возила е безначајна во споредба со тоа што го кај нив произведуваат Јапонците.

Kia има огромна продукција во словачката Жилина, каде што се произведува најголемиот дел од возилата за европскиот пазар. Покрај Корејците, во земјата произведуваат и PSA и Volkswagen. Големо разочарување е претпоследното место на Италијанците. Тие како повеќе да сакаат да им препуштат на другите да работат. Голем дел од возилата со знак на Fiat доаѓаат од Полска, а ги има и од нашиот северен сосед, од Крагујевац.

Производство на автомобили во ЕУ во 2012 година

1 Германија 5.388.456
2 Франција 1.682.814
3 Шпанија 1.539.680
4 Велика Британија 1.464.906
5 Чешка 1.171.774
6 Словачка 900.000
7 Полска 540.000
8 Белгија 507.204
9 Италија 396.817
10 Романија 326.556

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест на зимски гуми на ADAC (Димензија 185/60 R 15 T)

Нови слики од класата C на Mercedes