за

Тест на ADAC: Летните гуми никогаш не биле подобри

Најголемиот автоклуб во Европа, ADAC, тестира летни гуми веќе 40 години и досега никогаш немало толку голем избор на добри модели. 16 од 38 тестирани гуми добија оцена „многу добро“, а 14 гуми го завршија тестот со „добро“. Само четири модели на гуми не минуваат на тестот на клубот. Најголемиот напредок кај новата генерација гуми е постигнат во возните својства на влажна подлога.

Во најголемата димензија 225/45 R17 (за Audi A3, Mercedes C-класа, серија 3 на BMW, Opel Astra или Skoda Octavia) седум од 19 гуми добија оцена „добро“, две гуми се „доволни“, а во оваа големина ниту една гума не падна на тестот. Меѓу најдобрите гуми се хармоничните Continental SportContact 5 (најдобар на влажно), Goodyear Eagle F1 Asymetric 2 („одлична“ на сув пат), Dunlop Sport Maxx RT, Michelin Pilot Sport 3 и Vredestein Ultrac Vorti. Најмалку гориво троши Semperit Speed-Life.

Кај 19-те тестирани гуми со големина 185/60 R15 (за Audi A1, Mini, Fiat Punto, Renault Clio или VW Polo) девет се оценети со „многу добро“. Четири гуми добија „добро“, две „доволно“, четири „недоволно“. Најдобрите пет производи се: Michelin Energy Saver + (најмало абење), Continental PremiumContact 5, Dunlop Sport BluResponse (оценети најдобро на сува и влажна подлога), Goodyear Efficient Grip Performance (најдобра на влажно) и Vredestein Sportrac 5. На влажен пат паднаа: Kleber Dynaxer HP 3, Maragoni Verso, Rotalla Radial F108 и Sailun Atrezzo SH402, при што последнава е слаба и на суво.

На тестот на гуми на ADAC, потрошувачите се информираат на што треба да внимаваат најмногу при изборот на гуми, на пример на возните својства и на однесувањето при сопирање на влажен и сув пад, на аквапланинг и во поглед на нивото на бучност, потрошувачката на гориво, изржливоста при возење со висока брзина и абењето.

ПОБЕДНИЦИТЕ И ГУБИТНИЦИТЕ НА ТЕСТОТ

ГУМИ СО ДИМЕНЗИЈА 185/60 R 15 H
Оцена
ГУМИ СО ДИМЕНЗИЈА 225/45 R 17 W/Y
Оцена
Michelin Energy Saver + 4 Continental Conti Sport Contact 5 4
Continental Conti Premium Contact 5 4 Goodyear Eagle F1 Asymmetric 2 4
Dunlop Sport BluResponse 4 Dunlop Sport Maxx RT 4
Goodyear Efficient Grip Performance 4 Michelin Pilot Sport 3 4
Vredestein Sportrac 5 4 Vredestein Ultrac Vorti 4
Bridgestone Turanza T001 4 Hankook Ventus S1 Evo 2 K 117 4
Nokian Line 4 Semperit Speed Life 4
Fulda EcoControl HP 4 Apollo Aspide 4G 3
Semperit Comfort Life 2 4 Bridgestone Potenza S001 3
Pirelli Cinturato P1 3 Kumho Ecsta Le Sport 3
Barum Brillantis 2 3 Pirelli Cinturato P7 3
Hankook Kinergy Eco K425 3 Yokohama C drive 2 3
Firestone Firehawk TZ300a 3 Falken Azenis FK453 3
Nexen N Blue HD 2 Uniroyal Rain Sport 2 3
GT Radial Champiro 228 2 ESA Tecar Spirit UHP 3
Kleber Dynaxer HP 3 1 Toyo Proxes T1 Sport 3
Marangoni Verso 1 Nexen N8000 3
Rotalla Radial F108 1 High Performer Sport HS 2 2
Sailun Atrezzo SH402 1 Syron Race 1 plus 2

Гумите што се означени со црвена боја паднаа на тестот на  ADAC, односно клубот не ги препорачува во кој било случај.

[nggallery id=7]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Германските коли им смрдат на Кинезите!

Сите лажат за големината