за ,

Сите лажат за големината

Не се убави, но многу се практични. Багажниците за покрив нудат простор за сместување на вишокот багаж. Клубот ADAC тестираше осум модели во дијапазон на цени од 180 до 540 евра, во лабораторија и на тест патека. Покрај големите пропусти во безбедноста, проблем е лажењето во поглед на големината на багажниците. Thule и Rameder собираат за 31 процент помалку отколку што наведуваат производителите.

Ниту еден багажник не е без мана

Од багажниците за покрив се бара да бидат просторни, да се поставуват едноставно, да се празнат и полнат лесно, да бидат издржливи и да немаат проблеми со безбедноста, а на крајот, треба да се продаваат по достапна цена. Ниту еден од осумте багажници за покрив не е беспрекорен. Три кутии, конкретно Jetbag Family 455, Hapro Probox 460 и Kamei Husky XXL, добија оцена многу добро при умерени цени од 240 до 280 евра.

Но, ниту победникот на тестот, Thule Dynamic 800, со цена од 540 евра, во крајниот резултат не добива повеќе од многу добро. Dynamic 800 има добра изработка, но и проблеми со пропуштањето и нереално наведена големина. Место ветените 420 литри, во платичната кутија собира само 290 литри. Помалку лаже Rameder со неговиот Xtreme 450, кој место 450 литри собира само 347 литри багаж.

Следен проблем е монтажата. Единствено Thule Dynamic 800 и Atera Certo Design 560 се прицврстуваат едноставно на обични носачи за багаж. Кај другите модели не само што поставувањето е тешко, туку често пати е потребна и помош од друго лице. Едноставниот систем за прицврстување на кого е посебно горд производителот Atera може да предизвика опасност при возењето, затоа што системот не стега доволно цврсто и кутијата за багаж може да излета од лежиштето при ненадејни маневри. Истиот проблем го има и MAC Daytona 500, особено при возење на лош пат и при силно запирање. Daytona 500 приреди спектакуларни сцени за време на тестирањето, или се откачуваше целата кутија или излетуваше нејзината содржина.

Што е потребно за совршена кутија за покрив?

  • Податокот за големината мора да е точен
  • Цврст и практичен систем за прицврстување
  • Лесно ракување, односно низок раб и голем агол на отворање
  • Доволен број на прстени за прицврстување во кутијата
  • Темелно упатство за ракување
  • Подобра заштита од кражба, со метални брави
  • Налепница во видното поле на возачот, за актуелната висина на возилото
  • Подобра водоотпорност

Совети за користењето

  • Пред купувањето да се одреди потребната големина и должина на кутијата
  • Брзите брави ја олеснуваат монтажата
  • За превоз на скии се препорачуваат специјални држачи во кутијата
  • Товарот да се распореди рамномерно во кутијата
  • Товарот да се прицврсти со ремени во кутијата
  • На подот на кутијата да се постави ќебе
  • Товарот што е чувствителен на влага е подобро да се остави во багажникот
  • Да се внимава на максималната носивост на кутијата и на носачот
  • Секогаш внимателно затворајте ја кутијата
  • Проверете дали кутијата е прицврстена правилно
  • Не возете побрзо од 130 километри на час
  • Возните својства се променети поради повисокото тежиште
  • Посилно е страничното наведнување на возилото во свијоци
  • Да се внимава на променетата висина на возилото
  • Кутијата ја зголемува потрошувачката на гориво и треба да се отстрани кога не се користи
Марка и модел Цена Оцена Форма Ракување Тестови во возење Безбедност при незгода
Thule Dynamic 800 540 + o ++ ++ o
Jetbag Family 455 240 + + + ++ +
Hapro Probox 460 240 + + + ++ o
Kamei Husky XXL 280 + + o ++ o
Mont Blanc Vista 450 240 o o o + o
Atera Certo Design 560 520 o + + o o
Rameder Xtreme 450 205 o o o ++ o
MAC Daytona 500 180 o o
Легенда: ++ = одлично, + = многу добро, о = добро, – = недоволно

[nggallery id=8]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест на ADAC: Летните гуми никогаш не биле подобри

Како се топеше челикот