за , , , ,

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 165/70 R 14 T

Клубот АДАК годинава тестираше 16 зимски гуми во димензијата 165/70 R14 T наменета за класата на градски возила. Резултатите од тестот важат и за двете соседни димензии, „175“ и „155“.

Покрај трите тестирани зимски гуми со оцена многу добро, најмногу модели на гуми добија оцена добро, еден модел го заврши тестирањето со оцена доволно, но имаше и три модели на гуми за коишто клубот не може да даде каква било препорака и ги оцени со недоволно.

Три модели на зимски гуми добија оцена многу добро на тестирањето на АДАК
Три модели на зимски гуми добија оцена „многу добро“ на тестирањето на АДАК

Најдобрите три модели на зимски гуми, кои се оценети со многу добро, се одликуваат со изедначени својства во сите критериуми на тестот и не покажуваат слабости. Меѓу победничките гуми постојат само незначителни разлики. Новиот Goodyear UltraGrip 9 покажа најдобри својства на влажна подлога, додека Michelin Alpin A4, како што и се очекуваше, издржува најдолга километража. Dunlop Winter Response 2 освои најмногу бодови со одличните резултати на снег и на мраз. Покрај тоа, автомобил опремен со овие гуми ќе потроши најмалку гориво.

Строго: Ако гумата „лизне“ во една категорија, крајната оцена се намалува

Шесте нови модели на зимски гуми што добија оцена добро, првенствено покажуваат мали до значајни слабости на влажна подлога. Причината за тоа што Fulda Kristall Montero 3 овојпат не доби оцена многу добро се единствено малите слабости на влажна подлога. Continental ContiWinterContact TS850 изненади со релативно долгиот пат на сопирање на мраз и поради тоа оцената му е намалена на доволно.

Погрешно е верувањето дека зимските гуми се наменети за возење по снег. Нивната главна предност е задржување на еластичноста при ниски температури и истиснвуањето на стопениот снег со профилот на гумата
Погрешно е верувањето дека зимските гуми се наменети за возење по снег. Нивната главна предност е задржување на еластичноста при ниски температури и истиснувањето на стопениот снег со профилот на гумата

Останатите седум модели во групата со оцена добро покажуваат слабости во два важни критериума. Кај моделите Bridgestone Blizzak LM001, Semperit Master-Grip 2, Barum Polaris 3 и Firestone Winterhawk 3 станува збор за слабости на влажна подлога и на мраз, Falken Eurowinter HS449 има мали проблеми на влажна подлога и на снег, Uniroyal MS plus 77 заостанува на сува подлога и на мраз, додека Pirelli Winter Scnowcontrol S3 се „лизна“ на сува подлога и на снег.

Најслабите модели на гуми заостануваат со својствата на влажна подлога

Оцената доволно на Matador MP54 Sibir Snow произлегува првенствено од слабите својства на влажна подлога. Пропустите во поглед на возните својства на влажна подлога беа меродавни и за оцената недоволно за моделите на гуми од Aeolus, Linglong и Mentor.

test zimski gumi 2015 165 (3)АДАК воведе неколку значајни измени при мерењето на најголемата странична сила што може да ја издржи гумата при возење на замрзната подлога. Ова тестирање порано се вршеше со возење во круг со одреден пречник и се мереше времето на извозување на кругот. Од годинава, тестирањето на страничните сили на мраз се врши со систем на шини за водење на предните и на задните тркала, со помош на сензори што го мерат страничниот притисок на гумите врз шините. Притоа се вози со единаесет различни агли на завртување на предните тркала, поради што се донесува многу поверодостојна оцена за стабилноста при возење во свијоци со различен радиус.

Препораките на клубот АДАК
  • Возачи што ценат зимски гуми со изедначени својства во сите критериуми, треба да се решат за Goodyear Ultragrip 9, Michelin Alpin A4 или Dunlop SP Winter Response 2.
  • За возачи што бараат првенствено добри својства на сува подлога, најмногу одговараат Michelin Alpin A4, Continental TS 850, Bridgestone Blizzak LM001 или Falken Eurowinter HS449 wählen.
  • Зимска гума со добри перформанси на снег и мраз е Dunlop Winter Response 2.
  • За возачи што внимаваат најмногу на ниска потрошувачка на гориво, најдобар избор се Dunlop SP Winter Response 2 или Goodyear Ultragrip 9.
  • Возачи што бараат гума која издржува најмногу километри треба да ги изберат Michelin Alpin A4.

Важност за други димензии на гуми

Резултатите од тестирањето на зимските гуми со димензија 165/70 R 14 T со мали отстапувања важат и за „соседните“ големини на гуми, односно за 175/70 R 14 T, како и за ретката димензија 155/70 R 14 T.

Табела со резултатите од тестот на зимски гуми со димензија 165/70 R 14 T

Марка и модел

Крајна оцена Суво Влажно Снег Мраз Бучава/ комфор Потрошу-вачка Абење
Goodyear UltraGrip 9 + + + + + о + +
Michelin Alpin A4 + + + + + о + ++
Dunlop Winter Response 2 + + + + + о + +
Fulda Kristall Montero 3 о + о 1 + + о + +
Bridgestone Blizzak LM 001 о + о 1 + о 1 о + ++
Continental WinterContact TS 850 о + + + о 1 о + ++
Falken Eurowinter HS449 о + о 1 о 1 + о + +
Uniroyal MS plus 77 о о + + о 1 о + +
Pirelli Winter Snowcontrol S3 о о 1 + о + о + +
Semperit Master-Grip 2 о + о + о 1 о + +
Barum Polaris 3 о + о 1 + о о + +
Firestone Winterhawk 3 о + о 1 + о о + ++
Matador MP54 Sibir Snow о – 1 + о о + +
Aeolus Snowace AW02 -/- о -/- 1 + о + +
Linglong Green-Max Winter HP -/- о -/- 1 о + о + +
Mentor M200 -/- о -/- 1 о о +

++

 

Појаснувања за табелата:

1 = Води кон намалување на крајната оцена

++ = Одлично, + = Многу добро, о = Добро, = Доволно, / = Недоволно

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спортските модели на Ford ќе доаѓаат со гуми Michelin

Над 500 електрични автомобили на Nissan „таксираат“ низ Европа