за ,

Студот им ја одзема силата на електричните автомобили

Кога ќе застуди, возилата со погон на струја не можат да отидат далеку. Батериите ослабнати од студот се преоптоваруваат од големиот број потрошувачи. Место 200 километри, на Nissan Leaf му остануваат само 69 km возење.

Тестот на водечкиот европски магазин Auto Bild ја открива слабата страна на електричните автомобили при возење во зимски услови. Кај сите пет автомобили на тестот беше забележано драстичн намалување на капацитетот. BMW i3, Tesla Model S, Nissan Leaf, Renault Zoe и Mitsubishi i-MiEV поминаа низ седум дисциплини на тестот на магазинот: Сопирање, тракција, управливост, греење, досег, безбедносна опрема и цена.

Најголемите ограничувања на погонот на струја се покажаа при тестирањето на досегот. Кај четири од петте модели, тој се сведе на помалку од 70 километри. Единствено Tesla може при зимски услови да извози преку 200 километри, но само благодарение на солидно димензионираните батерии со капацитет од 85 киловатчасови. Најслаб се покажа Renault Zoe со 58,9 километри. Тоа значи дека патувањето на подолги релации до работа и назад во студените денови може да биде ризичен потфат со повеќето електрични автомобили.

Досегот се намалува за 60 до 70 проценти при зимски температури во реални услови на возење.

  • Tesla Model S, 85 kWh, официјален досег 502 km, на тест во зима 206 km
  • Nissan Leaf, 24 kWh, официјален досег 199 km, на тест во зима 69,1 km
  • BMW i3, 21,6 kWh, официјален досег 130 до 160 km, на тест во зима 61,4 km
  • Mitsubishi i-MiEV, 16 kWh, официјален досег 150 km, на тест во зима 61,3 km
  • Renault Zoe, 22 kWh, официјален досег 100 до 150 km, на тест во зима 58,9 km

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia GT4 Stinger сака да се трка со Porsche

Кинеската марка Qoros го испорача првото возило