Кинеската марка Qoros го испорача првото возило

По шест години откако беше објавено дека се формира новата марка Qoros, кинеската фирма го испорача првото возило. Извесен Ју Мин е прв сопственик на модел на Qoros.

Во дилерството на марката во кинескиот Гуаншан, сопственикот Ју Мин ги доби клучевите од Qoros 3 од шефот Фолкер Штајнвашер. На тестирањата во септември, Qoros3 беше прв автомобил од кинеско производство што освои максимални пет ѕвездички на краш тестот на EuroNCAP. Qoros3 е првиот член од новото моделско семејство, кое што ќе се проширува во периоди меѓу шест и 12 месеци.

Претходна објаваСтудот им ја одзема силата на електричните автомобили
Следна објаваJaguar троши 60 литри на сто километри под полна гас

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here