За почетниците возачи во странство важат строги правила во поглед на дозволената брзина и нивото на алкохол. Возачи до 25 години во Хрватска смеат да возат најмногу 80 km/h надвор од град.
Возачите со помалку од три години искуство зад воланот смеат да возат најмногу 90 km/h на регионалните патишта во Италија, наместо вообичаените 110 km/h. На автопатиштата исто така се ограничува дозволената брзина на 100 km/h, место на 130 km/h. Возачите во Франција во првите три години смеат да возат на отворен пат најмногу со 80, на регионален пат со 100, а на автопат со 110 m/h. За сите други возачи важи брзинско ограничување од 90 km/h надвор од населено место, 110 km/h на регионален пат и 130 km/h на автопат.
Единствено Данска и Франција немаат посебни ограничувања за нови возачи
Особено строги правила важат во Хрватска. До возраст од 25 години, возачите смеат да управуваат возило надвор од населено место најмногу со 80 km/h, на регионален пат 110 km/h и на автопат 120 km/h. Хрватските правила се строги за младите возачи и во поглед на алкохолот. До возраст од 24 години не е дозволен „ниту грам“ алкохол при седнување зад воланот. Возачите почетници во Холандија, пак, во првите пет години по добивањето возачка дозвола смеат да управуваат возило со најмногу 0,2 промили алкохол. Единствено Данска и Франција немаат воведено посебни правила за младите возачи. За сите возачи во овие земји важи генерално ограничување на 0,5 промили алкохол. При прекршување на правилата, во Данска во најлош случај може да „отиде“ цела месечна плата. Во Чешка исто така не е дозволено да се управува дури и под минимално под дејство на алкохол. За сите возачи тука важат 0,0 промили.
Дозволено ниво на алкохол за возачи почетници во Европа
| Држава | Промили алкохол | Забелешка | Парична казна |
| Данска | 0,5 | Општо ограничување | До 1 месечна плата |
| Германија | 0,0 | Во првите 2 години и до возраст од 21 година | Од 250 евра |
| Франција | 0,5 | Општо ограничување | Од 135 евра |
| Италија | 0,0 | Во првите 3 години | 156-627 евра |
| Хрватска | 0,0 | До 24 годишна возраст | Од 90 евра |
| Холандија | 0,2 | Во првите 5 години | Од 360 евра |
| Австрија | 0,1 | Во првите 2 години | Од 300 евра |
| Полска | 0,2 | Општо ограничување | Од 145 евра |
| Швајцарија | 0,1 | Во првите 3 години | Од 565 евра |
| Словенија | 0,0 | Во првите 2 години и до возраст од 21 година | Од 300 евра |
| Шпанија | 0,3 | Во првите две години | Од 500 евра |
| Чешка | 0,0 | Општо ограничување | Од 100 евра |
| Унгарија | 0,0 | Општо ограничување | До 990 евра |
| Кај нашите соседи | |||
| Бугарија | 0,5 | Општо ограничување | |
| Грција | 0,2 | Во првите 2 години | |
| Србија | 0,0 | Во првата година | |
| Албанија | 0,1 | Општо ограничување | |
| Македонија | 0,0 | Во првите 2 години |
















