Во чест на одбележувањето на 50-годишнината на McLaren изработен е специјална моделска верзија McLaren 50 12C, која што ќе можат да ја набават само 100 среќници во светот.
Половина од возилата ќе бидат купеа, половина спајдер. McLaren 50 12C и McLaren 50 12C Spider поседуваат неколку обележја кои ги разликуваат од стандардната верзија на супермоделите. Возилата се изработени од одделението за специјални проекти на McLaren, заедно со дизајнерскиот тим на куќата, раководен од Френк Стефенсон.
Подобрувањата вклучуваат нов преден браник со поголем потисок, по пример на ограничената серија HS Edition. Долната половина од браникот е изработена од карбон, а материјалот под него е кевлар. Над браникот е црната значка инспирирана од историјата на McLaren во формула 1, кој се става единствено на моделите од специјалното одделение.
Обата модела се стандардно опремани со карбон керамички сопирачки со димензии 394×36 mm напред и 380×34 mm назад. Бандажите исто така се со специјален дизајн и ултралесна конструкција, со црн финиш. Во споредба со опционалните суперлесни бандажи се заштедуваат 2 килограми во тежина.
Целата кабина е обложена со кожа, со задолжителната плочка на која што е редниот број на возилото од ограничената серија. За каросеријата стојат на избор три бои – црна, сребрена и препознатливата портокалова боја на McLaren. Логото McLaren 50 се наоѓа и на задните отвори за воздух. Возилото се испорачува со црна и сребрена церада, клуч во специјална изведба и кутија за клучот од карбон, како и постер во ограничена серија потпишан од дизајнерот Френк Стефенсон. Купето McLaren 50 12C чини 196.000 фунти (230.000 евра), додека за спајдерот се потребни 215.500 фунти, односно околу 252.000 евра.