Авантура за 70-годишни пензионери: Светот е мал за Suzuki Jimny

Четворица пензионирани љубители на Suzuki Jimny ја обиколуваат планетава и собираат средства за нивната фондација „Рајот нека почека – зафатен сум“.

Експедицијата е идеја на пензионираниот бизнисмен Лесли Карвол и стартуваше во Саутхемптон, на католичкиот Велигден. Тимот седумдесетгодишници патува околу светот само со најнеопходните средства и без пратечки екипаж.

Двете Suzuki Jimny напредуваа одлично на последната секција во должина од околу 4.000 километри низ Монголија и потоа назад до Русија. Тимот планира да пристигне во Владивосток до крајот на мај, каде што автомобилите ќе се натоварат на брод и ќе почнат 30-дневно патување до Ванкувер, во Канада.

Иако се патува бавно и по најлошите патишта во светот, со дупки кои се длабоки и до едно стопало, се потврди издржливоста на малечкиот, но цврст теренец на Suzuki. Единствен дефект досега беше кршење на осовинка на амортизер.

Прогресот на тимот низ 16-те држави и по три континенти може да се следи на Google earth. Интернет страницата се освежува редовно со интервјуа и смешни видео клипови од авантурата.

Претходна објаваСпецијален модел за 50-годишнината на McLaren
Следна објаваChevrolet Spark на струја со сензационална цена во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here