Спектакуларна незгода во тунел: Американка возела по таванот?

Не се работи за каскадерска сцена од филм, туку за бизарна незгода во тунел во Германија. Toyota Camry со огромна брзина удрила во ѕидот од тунелот и лизгала со тркалата по таванот, за да заврши од спротивната страна.

Шокантна сцена во тунел на германски автопат во ноќта, на делницата А62 во близина на Кајзерслаутерн. Возачка влетува со огромна брзина во тунелот, ја губи контролата, потоа удира во ѕидот и врти цел круг преку таванот до спротивната страна на тунелот. Според полицискиот извештај, 24-годишната Американка од непознати причини излетала в десно во тунелот. Таа се искачила со возилото по десниот ѕид од тунелот, продолжила по таванот и се струполила од другата страна на тунелот, продолжувајќи да лизга уште десетици метри по патот.

tunel tavan

Противпожарните служби морале да интервенираат за извлекување на заглавената жена во автомобилот. Таа се здобила со тешки повреди и нема информации каква е нејзината моментна состојба. Возилото е уништено целосно, опремата на таванот на тунелот и струјното поврзување на тунелот се оштетени значително. Се проценува дека материјалната штета достигнува 50.000 евра.

Според експертите, енормната брзина е причината што Toyota Camry се искачила на таванот на тунелот. Американката работи за воените сили на САД и го увезла автомобилот во Германија. Без разлика што постојат повеќе објаснувања околу причините за незгодата, сите експерти се единствени околу едно: Американката возела со неверојатно висока брзина. Германската полиција има регистрирано сличен случај во 2007 година.

tunel nezgoda germanija

Претходна објава14 држави со еден резервоар: Рекорд на Audi A6 TDI ultra
Следна објаваFord GT се враќа на Леман по половина век

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here