за

14 држави со еден резервоар: Рекорд на Audi A6 TDI ultra

Рекордното возење започна во Мастрихт на 9-ти јуни и заврши следниот ден во Унгарија, по 1.865 километри. Целата оваа релација, штедливиот A6 ultra ја мина со само еден резервоар.

Audi постави нов гинисов рекорд минувајќи низ 14 држави со само еден резервоар гориво. Стандардниот Audi A6 TDI ultra во просек трошеше по 3,7 литри дизел на секои сто километри, постигнувајќи потрошувачка значително пониска од фабрички декларираните 4,2 литри и минувајќи дури 1.865 километри без ниту едно запирање за долевање гориво.

audi rekordАвтомобилскиот новинар Ендрју Френкел и тркачката Ребека Џексон го возеа A6 TDI ultra цели 28 часови речиси без престан, од Холандија до Унгарија, минувајќи низ Белгија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Лиштенштајн, Австрија, Германија, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Србија. Двата возача се соочуваа со бројни предизвици во 28-часовната возачка авантура, како чекање во застој поради незгода на патот или непланирнао совладување планински превој поради затворен тунел.

Тркачката Ребека Џексон по успехот изјави: „Позната сум дека возам многу брзо, но предизвикот овојпат беше да се одржува постојана брзина и оптимална потрошувачка, како и да се избегнуваат возила што би нé забавиле, за потоа да мораме повторно да забрзуваме до оптималната брзина. Ова беше возбудлив настан, којшто значително се разликува од маратонскиот возачки предизвик на когошто ќе учествувам следната година, кога ќе се натпреварувам на 24 часа Леман.“

Моделите ultra се дополнително оптимирани за штедливо возење, без жртвување на динамиката на возење. Освен во гамата на моделот од вишата средна класа, Audi ја нуди верзијата ultra и во останатите моделски серии, од А3, А4, А5 и А7 Sportback, до TT.

audi rekord

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi со брзински рекорд за дизели на патеката Заксенринг

Спектакуларна незгода во тунел: Американка возела по таванот?