за ,

Со зимски гуми во лето се сопира 11 метри подолго

Голем број возачи се решаваат да продолжат со зимските гуми во лето заради штедење. Откажувањето од замената со летни гуми е опасно, патот на сопирање се продолжува за повеќе од 10 метри.

Швајцарскиот магазин auto-illustrierte изврши тестирање како се однесуваат зимските гуми при возење во летни услови. Се тестираше со VW Golf 2.0 TDI на патеката Миревал во Јужна Франција на актуелниве температури и според тековните стандарди за тестирање на гуми. Во тестот беа опфатени сите фактори што се важни за безбедноста, вклучувајќи сопирање на влажно од 80 km/h, сопирање на суво од 100 km/h, кружно возење на влажно, страничен аквапланинг, како и управливост.

Зимските гуми се подобри од летните единствено во услови на аквапланинг, односно создавање воден клин под профилот, кога тој повеќе не е способен да ја потисне сета вода од под себе. Тие запивуваат на 81 km/h, летните гуми на 78 km/h, а гумите за сите сезони на 75 km/h. Најголема разлика се покажа при сопирањето на суво од 100 km/h. Додека патот на сопирање со летни гуми изнесува само 34,9 метри со актуелниот Golf, возилото со зимски гуми запра по дури 45,9 метри, односно точно 11 метри подоцна. Гумите за сите сезони сопираат по 44,1 метри.

За најверодостојна претстава на опасноста, овие резултати покажуваат дека на местото каде што Golf со летни гуми веќе мирува, друго возило зад него што сопира исто така од 10-0 km/h ќе удри во него со брзина од речиси 50 km/h. Незгода со оваа брзина е голема опасност за патниците.

Намерата да се заштеди и со зимските гуми да се вози лете е чиста безмислица според експертите, не само поради опасноста во сообраќајот. Зимските гуми се трошат многу побрзо на летна температура, а и нивната цена најчесто е повисока отколку на летните гуми. Затоа треба да се вози со соодветен сет гуми за актуелната сезона. Гумите за сите сезони одговараат само за возачи што годишно минуваат малку километри, најчесто во градски услови на возење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Само Google е подобар работодавец од Volkswagen

Ова е уредот што ќе ги поврзува возилата во мрежа