Следната генерација на електричниот Nissan Leaf со двапати поголем досег

Електромобилот на Nissan и најпродаван модел со погон на струја во светот, во следната генерација ќе може да мине двапати подолго растојание со енергијата во батериите.

За две години се очекува да пристигне новата генерација на Nissan Leaf, којашто според првичните информации ќе минува двапати подолго растојание со енергијата во батериите отколку сегашниот модел. Со батерии со капацитет од 60 киловатчасови, идниот Leaf ќе располага со двојно повеќе енергија од сегашниот модел, кој со 30 киловатчасови минува до 250 километри.

Јапонците ќе им понудат на купувачите повеќе степени на батериски капацитет, зависно од потребите и зависно од буџетот. Максимално ќе стојат на располагање 550 километри. Слична стратегија практикува и американскиот Tesla, кој со Model 3 од крајот на 2017 година ќе се вмеша во сегментот на Nissan Leaf.

Nissan веќе ја прикажа идната технологија на ланскиот салион во Токио, со студијата IDS, којашто располагаше со батериски капацитет од 60 киловатчасови. Новиот Leaf би можел и со изгледот да се ориентира според оваа студија, којашто настапува со многу подинамична нота во споредба со актуелниот модел. Постојаниот раст на капацитетот на батериите се должи на напредокот во технологијата, особено во цената на производство и во ефикасноста на техниката.

Претходна објаваИнтервју со дизајнерот Јозеф Кабан: „Skoda станува многу поемотивна“
Следна објаваPeugeot ќе го освојува иранскиот пазар со инвестиција од 400 милиони евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here